Половина од Македонците се на Фејсбук повеќе од три часа на ден

Дури 44% од корисниците на Фејсбук од Македонија поминуваат три и повеќе часа дневно на таа социјална мрежа, покажуваат резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на Фејсбук, што го спроведе агенцијата „Рејтинг“ во соработка со Њумедиа.мк.

facebook-3

Според истражувањето, 60 проценти од корисниците сметаат дека поминуваат премногу време на Фејсбук, а само 22,5 проценти размислуваат да се откажат од користење на оваа социјална мрежа.

- Веруваме дека податоците кои ги добивме ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук, изјави Никола Спасов, од агенцијата „Рејтинг“.

Целосните резултати од истражувањето ќе бидат презентирани во рамки на AllWeb конференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР што ќе се одржи на 15. овој месец во Скопје.

Темата на AllWeb е интегрирани комуникации, а фокусот ќе биде ставен на интегриран маркетинг, мерење и анализа на социјални медиуми и онлајн односи со јавноста. Конференцијата има цел да понуди ново искуство за маркетинг менаџерите, агенциите за маркетинг и за односи со јавноста, луѓето кои обезбедуваат содржини на интернет, студентите, но и за локалните претприемачи. /МИА/

Коментари

Популарно