Пад на температурите, ветер и дожд!

fallrainДенеска е вторник, 316 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 49 дена.

Денот трае девет часа и 59 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 18 минути, а заоѓа во 16 часот и 17 минути.

Месечината заоѓа 44 минути по полноќ и повторно изгрева во 13 часот и 24 минути.

Временска прогноза

Во Скопје во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 10°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 17°С.

Во среда ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен источен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°С до 12°С, а максималните дневни температури од 13°С до 20°

Подготвил: Христијан Ѓошевски

Коментари

Популарно