ФОТО: Фотографија која го обиколи светот

Фотографијата е направена за време на анти-владините протести на студентите во Бугарија, за кратко време го обиколи светот.

protestifoto

На неа е студентката Деси Николова, која го држи за рамена полицаецот којшто ги штител студентите тепани од полицијата.

-Имаше малку крв на носот. Го видов како ги заштитува луѓето и се обидуваше да ја спречи полицијата да ги тепа луѓето, во тој момент почнав да плачам, ми пријде и ми одговори: „Издржи, се ќе биде во ред". Неговите очи беа насолзени, вели таа.

Протестите се одржаа на 12 ноември, пред собранието на Р. Бугарија.

Коментари

Популарно