Започна наградната игра "Фискална во рака - Награда без мака" !!!

денеска почнува наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ и ќе трае до крајот на 2014 година. Нејзиниот почеток официјално го означи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со претставници на Државната лотарија на Македонија, која е организатор на извлекувањата.

Собраните најмалку 20 фискални сметки треба да се стават во бел плик со стандардна големина и да се пратат на адресата: Државна лотарија на Македонија, бул. „Гоце Делчев“ бр. 8, Поштенски фах 363, со назнака: За наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Нема ограничувања на износот на сметката, ниту на бројот на испратени плика, на кои не смее да стои името на испраќачот, туку неговите податоци (име и презиме, адреса и тел. број) се запишуваат на ливче и се ставаат во пликот заедно со сметките.

Првото извлекување ќе биде на 30 декември 2013 во живо на Македонската телевизија по Дневник 2, а во секое наредно коло ќе учествуваат и ковертите од претходните извлекувања.

Министерот Ставрески денеска на прес-конференција соопшти дека за да им излезе на граѓаните во пресрет, Министерството за финансии решило да бидат прифатени и фискалните сметки по 15 ноември, кога беше објавена наградната игра.

Коментари

Популарно