Сончев ден, но студен бран од петок

257659e0537c665e4510a0b6f5c0c7caДенеска е среда, 338 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 27 дена.

Денот трае девет часа и 20 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 43 минути, а заоѓа во 16 часот и три минути.

Месечината изгрева во седум часот и 55 минути, а заоѓа во 17 часот и 52 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутрина ќе биде постудено.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови, односно утре и задутре ќе преовладува слично време. Преку денот сончево и без поголеми промени на температурата.

Промена на времето се очекува в петок кон крајот на денот кога од север ќе се спушта многу студен и релативно влажен воздух од север кој ќе придонесе за засилување на ветерот и нагло опаѓање на температурата, а ќе има и краткотрајни локални врнежи претежно од снег.

Коментари

Популарно