Претпладне ќе вее снег

zima-e1359246509229Денеска е сабота, 341 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 24 дена.

Денот трае девет часа и 16 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 46 минути, а заоѓа во 16 часот и две минути.

Месечината изгрева во 10 часот и 18 минути, а заоѓа во 21 часот и 26 минути.

Временска прогноза

Во Македонија во раните утрински часови слабо провејување на снег ќе има во северозападните, западните и југозападните предели. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено. Попладне разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -6°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 10°C.

Во Скопје во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, сончево и ветровито, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -1°C, а дневната температура ќе достигне до 6°C.

Подготвил: Христијан Ѓошевски

Коментари

Популарно