МЗТ Скопје ја прекина црната низа на порази со победа над Унион Олимпија во Словенија

 МЗТ Скопје ја прекина црната низа на порази во АБА Јадранската лига со триумф над Унион Олимпија од 64-60 во Љубљана во натпреварот од 7. коло.

Во натпревар без преголема кошаркарска убавина, со многу грешки на двете страни, но сепак со огромна борбеност и желба за триумф нашиот состав сосема заслужено стигна до третата победа во регионалното натпреварување, по Цибона во Загреб успевајќи на гостински терен неочекувано да земе „скалп“ на уште еден голем фаворит во АБА лигата.

Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Гечевски со 15 поени, додека Дејвис запиша 11. Во противничкиот табор Пејџ заврши со 17 постигнати поени, а Препелиќ со 12 поени

УНИОН ОЛИМПИЈА – МЗТ СКОПЈЕ     60-64 (14-19,12-18,17-13,17-14)

Арена „Стожице„ во Љубљана. Гледачи: 1.500. Судии: Војиновиќ, Анзуловиќ, Јурас

Унион Олимпија: Вотерс 6, Препелиќ 12, Блажиќ 5, Ранико 3, Салин 7, Бејнс 3, Бубниќ 1, Пејџ 17, Омиќ 6

МЗТ Скопје: О. Стојановски 7, Мијаиловиќ 2, Д. Стојановски 7, Гечевски 15, Николовски 7, Чековски 9, Николиќ 2, Марковски /, Бакиќ 4, Дејвис 11.

Коментари

Популарно