Жељко Јоксимовиќ: Со Даниел одиме на победа

Жељко Јоксимовиќ кој е еден од најстрогите судии во најгледаното музичко шоу Икс Фактор денес ќе одржи концерт на наш терен, во Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“.

1zel500

Во интервју за „Дневник“ еден од најпопуларните пејачи чии рефрени се хитови во сите поранешни ју-републики, со задоволство зборува за македонските кандидати Даниел и Фифи.

Даниел Kајмакоски, преку ноќ стана ѕвезда. Kолку е тоа добро за еден изведувач?

- Навистина Даниел уште сега е ѕвезда и тоа со причина. Има се што е неопходно за таа ласкава титула и одиме на победа. Секако дека популарноста стекната преку ноќ лесно може да биде и речиси еднакво штетна, но тој е силна личност и верувам дека и понатаму со двете нозе е на земја.

Што најмногу почитувате кај македонскиот фаворит за победа, а за што најмногу му забележувате?

- Даниел е талентиран, скромен и многу работлив. Мене ми останува да го поддржам да остане таков.

Уште еден македонски кандидат во „Х-фактор“ е Фифи. Го променивте ли мислењето во меѓувреме? Што воопшто мислите за него?

Само ќе потсетам дека се уште се натпреварува и покрај мојот првичен коментар. Веќе сме во завршницата на ова шоу, кога пресуден е гласот на публиката и нејзиниот став за тоа кој има, а кој не Х-фактор.

Прочитајте повеќе во интервјуто на Жељко Јоксимовиќ за Дневник.

Коментари

Популарно