Барак Обама со втор претседателски мандат

Американскиот претседател Барак Обама и кандидат на демократите на вчерашните избори е реизбран за втор мандат, победувајќи го својот ривал од редовите на републиканците Мит Ромни, покажуваат првичните резултати од изборите.

Обама освои 275 електорски гласа од вкупно 538 во изборниот колегиум, а Мит Ромни 206, според првичните резултати. Претседателскиот кандидат за да победи на изборите треба да освои најмалку 270 гласови.

Обама го победи Ромни во повеќе сојузни држави - Охајо, Висконсин, Ајова, Пенсилванија и Њу Хемпшир и покрај слабото економски опоравување и високата стапка на невработеност.

Најмалку 120 милиони Американците се очекуваше да гласаат на претседателските избори. Изборите ги одбележа солидна излезност, уште во раното гласање. Имаше извештаи за спорадични проблеми со гласањето, а обајцата кандидати испратија адвокати на гласачките места да го следат процесот. И владиниот Оддел за правда распореди речиси 800 набљудувачи во 23 сојузни држави.

Обама го презема вториот претседателски мандат со тешка задача да го надмине буџетскиот дефицит од еден еден билион долари и да го намали државниот долг од 16 билиони долари, да ги реформира програмите за социјална помош и да ја зајакне соработката со Конгресот, во кој се задржа досегашниот сооднос на силите - мнозинство на републиканците во Претставничкиот дом и мнозинство на демократи во Сенатот.

- Сето ова се случи благодарение на вас. Благодарам, напиша Обама на Твитер по објавувањето на неговата изборна победа

Коментари

Популарно