Пролетни температури низ цела Македонија

20130322-proletta-e-vreme-na-planovi-i-proekti-1Денеска е сабота, 15 февруари, 46-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 319 ден.

Денот трае 10 часа и 34 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 31 минути, а заоѓа во 17 часот и пет минути.

Месечината изгрева во 17 часот и 50 минути, а заоѓа во шест часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Повардарието повремено умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.

Во недела и во почетокот на наредната недела ќе се задржи стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината. Дневната температура во недела ќе се движи од 12 до 17, а во почетокот на наредната недела од 14 до 20 степени.

Коментари

Популарно