АУДИО: Ердоган бара од својот син: "Ослободи се од тие 30 милиони евра"

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган одржал итен состанок со највисоките сигурносни службеници, по објавата на скандалозната снимка на Јутјуб.

Од канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган соопштиле дека аудио снимките на Јутуб се "целосно невистинити". На снимките, Ердоган наводно му вели на својот син да се ослободи од големите суми на пари, на денот кога се дознало за истрагата за мито во неговата влада.

tocka-119834

Агенцијата Ројтерс не можела да ја провери автентичноста на снимките кои доцна вчера биле поставени на Јутјуб. На снимките наводно може да се слушне гласот на Ердоган, како го моли да се ослободи од парите во неговиот дом.

Ова би можело да биде последниот доказ од корупцискиот скандал, за кој Ердоган вели дека е оркестриран за да биде смената власта.

"Снимките кои биле објавени на интернет оваа вечер, заедно со наводите дека станува збор за телефонски разговор помеѓу премиерот Ердоган и неговиот син, се невистините и се производ на неморална монтажа", изјавиле од канцеларијата на Ердоган.

"Оние кои ја создале оваа валкана завера, ќе одговараат пред законот", било додадено.

Ердоган одржал итен состанок со заменик премиерот Бесир Аталај, министерот за внатрешни работи Акфан Али и шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан веднаш откако се појавиле снимките.

Се состанал и врвот на главната опозициска партија CHP, а било побарано и владата да поднесе оставка.

"Турција не може да продолжи по овој валкан пат, со овој товар", било изјавено од опозицијата, пренесуваат турските медиуми.

Коментари

Популарно