СКАНДАЛ: Емина проговори за измамата тешка 7 милиони евра!

Емина Јаховиќ и нејзиниот сопруг Мустафа Сандал неодамна завршија на суд за измама вредна 7 милиони евра, јавија турските медиуми. Пејачката која во моментов е популарна по своето учество како член од жирито во X-Factor адриа на кратко изјави дека станува збор за случај на пиратерија поради кој таа и сопругот решиле правдата да ја бараат на суд.

emina-jahovic-x-faktor-plakala

-Тоа е. Имаме проблеми со пиратеријата која што се појави во Москва. Но, тоа е работа за Мустафа и за неговите адвокати, изјави Емина и одби да ги коментира натписите во турските медиуми.

Јаховиќ во моментот е дел од големата расправија која што настана поради заминувањето на Илма Карахмет од шоуто. Иако Илма и Маид добија најмал број на гласови од публиката и така се најдоа во дуелот, а Емина беше последна која гласаше и само го потврди мислењето на Жељко и Кристина, обожавателите на Илма сметаат дека целата вина паѓа врз нејзините рамена.

Па, така нејзината фан страна во моментот е преполна со негативни коментари, па дури и навредливи зборови како к****, ороспија, глупачка и слично.

Коментари

Популарно