Во Крим на телевизија се емитуваат руски, место украински вести!

Нов момент во процесот одцепување на дел од Украина и негово припојување кон Русија. Жителите на украинската автономна република можат сега да ги гледаат програмите на „Првиот канал“, „Русија 24“, НТВ, СТС и други. Од локалните канали се емитува само државниот телевизиски и радио-канал „Крим“.

Krim

Министерот за информации на Крим, Дмитриј Полоноски изјави дека украинските телевизии пристрасно известуваат за случувањата во Украина и се обидуваат да предизвикаат тензија пред одржувањето на референдумот за приклучување на полуостровот кон Русија.

- Сметаме дека имаме морално право да ги заштитиме жителите на Крим од лажните и неточни информации, кои ги емитуваат украинските телевизии, додаде министерот.

Коментари

Популарно