Нова теорија: Пилотот на исчезнатиот авион извршил самоубиство?

Џон Бренан шефот на американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) изјави дека малезиските власти ја преиспитуваат теоријата дека пилотот на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ извршил самоубиство.

xmkljsngklmljn

Теоријата на самоубиство би можела да објасни како авионот „исчезна“ од радарот кој го следеше неговото движење. Тоа би било можно ако пилотот намерно го исклучил уредот за пренос на електронските сигнали вели Бренан не исклучувајќи ја ни можноста за терористички чин .

- Во моментов има премногу шпекулации кои не се потврдени, ниту пак, поткрепени со докази  - рече тој , додавајќи дека постојат многу прашања на кои засега нема одговор, на пример, дали или каква улога имале патниците со украдени пасоши.

Да потсетиме дека малезиската авио- контрола соопшти дека последните зборови на копилотот на “боингот 777” биле “во ред- добра ноќ”.

Ова го изговорил пилотот при преминување на виетнамскиот воздушен простор, по што исчезна без трага што е тесно поврзана со новото верување дека трагедијата се случила поради самоубиство или небрежност на пилотот.

Коментари

Популарно