Во очите на новата студена војна

Во очи на референдумот кој ќе се одржи на 16-ти април во Украинската автономна Република Крим за остварување на суксесивната цел, односно припојување кон Руската Федерација и промена на името светот полека, но сигурно размислува на санкционата разврска која што ќе го обвие останиот дел од светот.

A2B58DDE-4E82-476A-9B9B-AB68B56C8BF5_mw1024_n_s

Дали станува збор за економска промена или станува збор за конфликтна разврска преостанува да видиме. Имено, ООН и САД се изјаснија и цврсто стојат зад ставот дека за Руската Федерација следуваат политичко-економски санкции кои што ќе преставуваат заладување и влошување на односите, како и обновување на студената војна. Сигурно се прашувате кои ќе бидат новите учесници во оваа студена доба на политичко умртвување помеѓу западот и истокот, создавање на една нова поделба, дали Украина ќе преставува новиот политички Берлински ѕид или само поука за одмерување на веле-силите на големите играчи како Русија, Сад и ЕУ. Многумина од политичките фигури, особено Барак Обама, Русија ја споредуваат за нејзините постапки како да е огледало на Хитлеровата Германија, која што воено ја анектираше територијата на Чехословачка во 1939 година, приорно на ова тие веќе размислуваат и за посериозна изградба на брана, односно за создавање на тампон зона,а тоа може да го заклучиме од самите постапки на Американските борбени бродови кои се закотвија на бреговите на Црното Море, ангажирање на Блеквотер платениците, како и активација на анти-ракетните штитови во околните земји кои што се граничат со Русија, а кои имаат постигнато билатерален договор со Нато, односно мултирателарен со сите членки.

Веќе е јасно дека Украина е поделена, не само од демографскиот аспект на Украинско и Руско население, туку и по про политичките ставови. Секако, сите протести што се случија на Маидан плоштадот во Киев преставуваа еден интересен тригер кој што беше подготвен од страна на про-Еу демонстрантите. Првиот иницириан нус појавен елемент е оној кој што преставуваше фактичка цел на самите демонстрати и на нивните лидери, Кличко и Тимошенко, а тоа всушност е исфрлањето на Виктор Јанукович од неговата функција,а вториот појавен елемент е самата таканаречена инвазија од страна на Русија. Радикалната трипартитност се огледува во тројниот однос на Русија, САД и Украина.

Можеби најзагрижувачки момент од целата состојба е тоа што Владимир Путин кој што е главниот иницијатор на анектната акција во Крим е тоа што тој ужива рејтинг на подржаност од над 70% во Русија, како и на Крим каде броиј над 80%. На другата страна ја имаме САД чиј претседател ужива нешто помалку од 15% подржаност за вмешување во Украинската криза, цврсто стои на ставот против делба на Украина. Украина навидум изгледа на еден небитен елемент во целата ситуација, но фашистичкиот елемент кој е веќе присутен во политичкиот живот на оваа држава е и тоа како е битен, воедно и одлуката да и се спротистави на Руската инвазија. Тоа преставува само причина која САД ја користи за да се вмеша во целиот конфликт. Направете паралела само за момент, размислете 1991 година зашто на Србите не им беше дозволено да се оделат од Хрватска и да се припојат територијално кон Југославија и што ќе се случеше ако Хрватска се откажеше, наспроти тоа целиот конфликт заврши со крвава војна и со директно вмешување на САД. Секако ова е само општ опис на целата ситуација, но целта на оваа колумна е да се престави подршката која двете суперсветски сили ја уживаат. Русија како главен иницијатор на целата криза на Крим ужива многу голема подршка од двете најголеми по бројност држави во светот. Тоа се Кина и Индија. Русија по нејзината дисолуција од Советскиот сојуз постави стратегиско партнерство со Индија кое што беше зацврстено со декларацијата за меѓусебна соработка за стратегиска иднина во 2000-та година, самиот факт што Индија е основач на БРИКс каде што членува и Русија доволно ни говори за алијансата помеѓу овие две држави.

Русија можеби е најпозната по својата партнерска игра со Кина, која според голем број на светски аналитичари и преставува воведување на нов светски поредок, настрана од шпекулациите. Кина и Русија својата соработка ја зацврстија во 1989-та година, кога Кина доби ембарго од страна на ЕУ, поради масакрот на плоштадот Тианамен, за својата трговска и политичка соработка да ја продолжи со Русија. Затоа најголемиот подржувач на Русија во Кримската криза е Кина, која мораше да се одолжи за неизмерната помош која што и беше доставена во Виетнамаската војна. Тука мора да се напоменат Белорусија која исто така преставува еден сателит на Русија во Европа и самиот факт што им дадоа кредит од 2 милијаради евра кажува за целата ситуација, секако тука мора да го напоменеме и патронот на Путин, Лукашенко кој не е сменет на својата функција повеќе од 20тина години. Од друга страна Русија има постигнато договор за размена на нафта со Иран, како и повеќе договори од областа на меѓусебната трговија. Таа позади себе има сериозни кандидати на создавање нова оска за надвладување со светот, тоа е неспорен факт, меѓутоа на другата страна ја имаме и САД со целиот Северноатлантски пакт , кој што сите надворешни проблеми и интереси ги разрешуваше низ призмата на создавање на проблеми во суверени држави за на крајот под мотото на демократијата да се вмешаат и да ги уништуваат до темел. Судирот помеѓу овие два блока можно е да иницира најмалку нова студена војна, во најлош случај трета светска војна. Но што навистина ќе се случи, ни преостанува да видиме.

Автор- Виктор Цветиќ - воено политички аналитичар

Коментари

Популарно