Еве што ги предизвика поплавите во Србија и Босна

Поројните дождови во Југоисточна Европа на 14 и 15 мај, во Србија и Босна и Херцеговина предизвикаа катастрофални поплави од невидени размери. Но за жал, оваа елементарна непогода предизвика несакани последици, однесе и човечки животи, причини големи материјални штети по инфраструктурата, додека илјадници луѓе се евакуирани од поплавените места, вели проф. Владо Спиридонов.

1

Поплавите, како што посочува, во најголема мера се предизвикани од формирањето на висински вонтропски супер циклон „Ивет“ (име добиено според Американската листа), кој е прикажан на сателитската снимка од МОДИС (НАСА).

- Овој бавно движечки-силно изразен вртложен облачен систем со низок воздушен притисок во центарот речиси два дена се манифестираше во Југоисточна Европа, носејќи големи количества на влага од Средоземното Море и предизвикувајќи поројни дождови и поплави од пошироки размери со трансгранични ефекти, како што не се забележани до сега. Најинтензивните врнежи, во просек 100-200 мм со локални количини до 300 мм се регистрирани во Босна и Херцеговина, источно во Србија и на југот во Романија, вели Спиридонов.

Дефинитивно, како што додава тој, не само тропските циклони, (Урагани, Тајфуни, тропски бури) кои се формираат во тропските региони на земјината топка (Мексикански залив, Филипни, Југосточна Азија, Индонезија, Малезија, Тајланд, Индија и други области), но и вонтропските циклони кои се формираат во умерените-географски ширини можат да бидат изразито интензивни и да имаат деструктивен карактер и катастрофални влијанија по луѓето и материјалните добра.

Секако би требало да напоменеме, посочува Спиридонов, дека појдовни услови за настанување на овие поплави од катастрофални размери, помеѓу другото треба да се бараат во процесите кои предходеа, т.е. појавата на влажните процеси во атмосферата во текот на април и мај, 2014 во поголем дел од Југоисточна Европа, проследени со чести врнежи и постепеното зголемување на површинските и подземните води и водостојот на реките и сливните подрачја, како и топењето на снегот во одделни планински области кои дополнително придонесоа за зголемување на водите ресурси во регионот во целост.

Untitled

Според него, она што има уште подлабока основа, и е индиректно поврзано со овие катастрофални временски состојби е прашањето околу климатските промени и се позачестената појава на атмосферски екстремности.

- Каков е нашиот однос кон природната животна средина - таква е нејзината повратна реакција. Значи, навистина се случува она што научната заедница веќе со години предупредува. Атмосферските и хидролошките екстреми престануваат да бидат исклучок. Се позачестената појава екстремни појави (интензивни циклони, бури, поплави, суши, пожари, екстремни температури, оркански ветрови). Секако, ова е вистински момент кога мора да се укаже на потребата од итна адаптација, вклучувајки ја поддршката на хидрометеоролошките служби, истакнува Спиридонов.

Вјоса Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции

„Барањата од Александар Вучиќ да не се сфатат сериозно“, рече претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Според Османи, претседатлеот на Србија не е вистински заинтересиран за враќање на Србите во институциите во Косово.

„Убедена сум дека кога Вучиќ зборува за враќање на Србите во полиција, во судството, во парламентот, тој всушност го користи тоа само како реторика за да го оттргне вниманието на демократскиот свет од она што навистина се случува, а што се негови залагања, залагања на неговата влада, на неговата армија во континуираната обука на паравоените сили кои имаат за цел само насилство“, рече Османи.

Вучиќ на крајот на минатата недела повика на реинтеграција на Србите во институциите во Косово, и бараше да се распишат нови локални избори во општините со српско мнозинство. Османи кажа дека е убедена дека тоа не се искрени барања на Вучиќ.

Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.

Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови.

Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.

Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.

Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.

Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.

Белград: 10-годишно дете паднало од прозорец на училиште

Белградската полиција денеска околу 16 часот добила пријава од основно училиште во Белград дека дете најверојатно паднало низ прозорец, објави Н1.

 Десетгодишното дете, како што дознава Н1, паднало од првиот кат на училиштето, од висина од пет метри.

На местото на настанот веднаш пристигнала брза помош и било пренесено во Ургентниот центар. Се утврдуваат и околностите под кои се случила оваа несреќа.

Популарно