МВР: Приведени се 27 лица, повредени нема

Од Министерството за внатрешни работи инфрмираат дека состојбата во Ѓорче Петров е мирна и под контрола. Нивните единици се сеуште на терен а според МВР во Ѓорче се останати помали групи кои не го нарушуваат јавниот ред и мир. Денешниот протест во знак на револт минал без поголеми инциденти кои би го нарушиле јавниот ред и мир и не е регистрирана поголема материјална штета.

F86D2FF554502D438280CE0BB702604F

Според досегашните информации има 27 приведени лица кои се на распит во полициските станици во Кисела Вода и Карпош. МВР нема добиено информации за повредени лица кои се јавиле во болница за лекарска помош, а засега неколку полициски службеници се пожалиле на полесни повреди.

Според МВР протестите започнале по 17 часот, откако разни групи од млади лица членови на навивачки групи се организирале на социјалните мрежи.

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Популарно