Заев: Господ ме зема од нива за да ја спасам Македонија!(ВИДЕО)

Untitled

Лидерот на опозициската СДСм и градоначалник на Струмица, Зоран Заев вчера при гостувае на локална охридска телевизија кажа дека Господ го црпнал додека тој работел по нивите на родното Муритно и го донел да го оди неговиот пат!

(Фото) Погледнете како денес изгледа каратистот од Велес по 6 месеци во притвор

„Обвинетиот во исказ пред Јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела, и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје, и по направениот увид во Јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење“, вели бранителот на Видевски.

Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Видевски, во жалбата изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, барал притворот да му биде заменет со домашен притвор.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 29.05.2024 година по повод жалбата од обвинетиот Б.В. во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања Ѓорчевска“, изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, против решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ- 417/24 од 30.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе решение ВКЖ1-23/24 од 29.05.2024 година, со кое жалбата е одбиена како неоснована и обжаленото решение во целост е потврдено“, се наведува во соопштението од Врховен суд.

Велешанецот Боре Видевски е еден од петтемина осомничени, од кои тројца се товарат за соизвршителство во тешките кривични дела две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување на малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело.

Како што пренесува Телевизија Телма, Видевски денеска негирал вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

„Обвинетиот во исказ пред Јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во Јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење“, вели бранителот на Видевски, Манев во изјава за Телма.

Според него, Видевски барал да му се опрдели куќен притвор со образложение дека тој не може да бега од државата затоа што нема пасош, а не може ниту да влијае на сведоци, ниту да попречува истрага, ниту пак да го повтори кривичното дело.

Во Обвинителството се врши увид во доказите кои тие ги имаат за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Владимир Туфегџиќ адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски за Телма потврди дека денеска од страна на Обвинителството во електронска форма му биле доставени доказите прибавени во текот на истражната постапка и бил дозволен увид во исказите на осомничените и сведоците.

Туфегџиќ вели дека побарал копија од исказите на осомничените и очекува Обвинителството да ја прифати забелешката и да овозможи целосна копија и препис од сите списи.

Според Туфегџиќ, во предмет каде што исказите на осомничените и сведоците се дадени на десетици страници, несоодветно, спротивно на законот и непрофесионално е да се даде одбрана само врз основа на извршен увид во списите на предметот.

Првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е Љупчо Палевски-Палчо, кој на 15 мај беше екстадиран во земјава од Турција, каде по бегството беше лоциран и уапсен, по меѓународната потерница што по него ја распишаа македонските власти преку Интерпол.

Останати осомничени се и Велибор Манев и Влатко Кешишов, кои беа уапсени заедно со Видевски.

Стефан Димовски, пак е осомничен за кривичното дело помагање сторител по извршено кривично дело бидејќи го возел Палевски од Србија, преку Бугарија до Турција.

Нему на 12 март му беше укинат притворот бидејќи, како што образложија тогаш од Обвинителството, поради видот на кривичното дело и предвидената казна, не постои законска можност тој и понатаму да ја издржува оваа мерка за обезбедување присуство.

Меѓу осомничените е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, кој по неколку месеци поминати во затворот во Шутка од неодамна се наоѓа во куќен притвор откако Врховниот суд му ја уважи жалбата.

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

Според информациите од истрагата кои тогаш на прес-конференција ги изнесоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на скопското Основно јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, Вања била грабната во влезот од зградата во која живеела, а потоа во вреќа за спиење била ставена во гепек на возило и однесена на локација надвор од Скопје, каде што е убиена.

40 годишна Македонка почина и зад себе остави 3 малолетни деца

Сакаме да споделиме претажна вест. Цеце од Тетово, мајката на трите малолетни деца која го стави своето #СрцеНаДланка бидејќи нејзиното семејство живееше тешко и во лоши услови, денес на само 40- годишна возраст почина. Таа зад себе остави три малолетни деца.

Тие после емитувањето на емисијата добија доста помош, но неисполнета желба на Цеце беше да добијат социјален стан бидејќи станот од роднините во кој живеат наскоро ќе биде продаден.

Цеце ќе ја паметиме по нејзината отвореност и позитивност, и иако беше тешко болна секогаш се бореше за доброто на своето семејство.

Сочувство до целата фамилија.

Почивај во мир драга Цеце 🖤

Пресврт во случајот со убиствата на Вања и Панче – еден од осомничените сега го СМЕНИ ИСКАЗОТ!

Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Во очекување на обвинението за случајот која ја потресе земјата, Видевски го сменил исказот, иако првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова за Телма го потврди неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.

„Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење “, вели Манев.

Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.

„При завршена истражна постапка овдека не може да стане збор дека обвинетиот би бегал од државава затоа што и нема пасош за да може да избега, а не може ниту да влијае на сведоци, ниту да попречува истрага, ниту пак да го повтори кривичното дело“, додаде Манев.

Видевски беше краток во своето излагање пред судот и само кажа дека се согласува со кажаното на неговиот адвокат и дека нема ништо друго што да додаде. Врховен суд ја одби жалбата и тој останува во притвор.

Во меѓувреме во обвинителството се врши увид во доказите кои тие ги имаат за случајот.Владимир Туфегџиќ адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски за Телма потврди дека денеска од страна на обвинителството во електронска форма му биле доставени доказите прибавени во текот на истражната постапка и бил дозволен увид во исказите на осомничените и сведоците.

„Како бранител ставив забелешка и побарав копија од исказите на осомничените бидејќи сметам дека во ваков комплексен предмет каде што исказите на осомничените и сведоците се дадени на повеќе десетици страни е крајно несоодветно, спротивно на законот и непрофесионално да се даде одбрана само врз основа на извршен увид во списите на предметот“, вели Туфегџиќ.

Тој додава дека очекува обвинителството да ја прифати забелешката и ќе овозможи целосна копија и препис од сите списи. За други детали од извршениот увид, Туфегџиќ вели дека не може да коментира, бидејќи е потпишана изјава за доверливост.

Ѓорчевски е осомничен дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка, односно давал информации за нејзиното движење. Тој тврди дека е невин, а казната за кривичното дело за кое се товари е до 10 години затвор.

Кога беа приведени Видевски, Кешишов и Манев признаа вина и ја одведоа полицијата до местата каде што биле закопани жртвите. Како организатор на грабнувањата и извршител на убиствата тие го посочија Љупчо Палевски Палчо, кој беше уапсен во Турција и екстрадиран во земјава.

Стефан Димковски кој го превезе Палевски од Белград до Турција е осомничен за помагање по извршеното кривично дело. Тој тврди дека е невин и дека кога го возел Палевски не знаел дека полицијата е во потрага по него.

По поднесувањето на обвинителниот акт, обвинетите имаат 8 дена за приговор. Ако не поднесат приговор, тогаш судот го одобрува, а рочиште ќе треба да се закаже за 30 дена. За обвинение против Палевски ќе се почека, бидејќи истрагата за него започна кога тој стапна на македонско тло, а може да трае максимум 6 месеци.

Популарно