Научниците пронајдоа таблета која го забавува стареењето?

Веста дека научниците пронашле начин да се забави, односно одложи стареењето со таблетата метформин крена прашина и ја заинтригира светската јавност. Оваа таблета моментално се користи за лекување дијабетес тип 2, а студиите предложија и заклучок како оваа „волшебна“ пилула може да спречи рак, срцеви заболувања, па дури и когнитивна дегенерација.

ap

Таблетата веќе постои на пазарот и со години се користи за санирање на проблемите поврзани со инсулинска резистенција и шеќерна болест, а во моментот се формира нова студија која на примероци од три илјади луѓе на возраст од 70 до 80 години би требало да докаже или го негира делувањето на овој лек на текот на стареењето.

Истражувањето ќе трае до седум години и ќе чини околу 50 милиони долари. Секако, таблетата против стареење нема никогаш целосно да го одложи или спречи текот на стереењето како нормален и неминовен процес со човековиот живот, но би можела негативните ефекти на стереење да ги направи помалку отежнувачки за нормалното секојдневно функционирање, сугерираат истражувачите.

Дали е добро да се јаде премногу цреши?

Црешите се добар извор на витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц и К и на минералите калиум, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, фосфор и цинк, но дали е добро да се изедат повеќе од 20?

А ова овошје е познато и по тоа што кога ќе земеме една цреша, повеќе не можеме да престанеме, но експертите предупредуваат дека не треба да претеруваме и да јадеме премногу цреши одеднаш, бидејќи може да делуваат како лаксатив и да предизвикаат лошо варење.

Поради тоа е најдобро да се држите до препорачаната дневна доза од околу 150 грама, што одговара на количината од околу 20 цреши.

Црешите содржат и диетални влакна, целулоза, пектин, органски киселини (јаболкова, лимонска и винска) и некои протеини и јаглехидрати.

Црвената боја на црешите ѝ ја даваат антоцијаните и другите фенолни супстанции со антиоксидантна и  и активност против стареење. Покрај тоа, антоцијаните имаат аналгетско и антивоспалително дејство и затоа се многу ефикасни при артритис.

Антоцијаните и проантоцијанидите од црешите помагаат во сузбивање на симптомите на астма и алергија, го стимулираат производството на колаген и ги ублажуваат воспаленијата и грчевите на мускулите, па сокот од цреша се покажа како многу корисен за спортистите, кои може да ги ублажат болките во мускулите по трчање и други интензивни активности.

Црешите содржат левулоза, шеќер со низок гликемиски индекс кој нашиот организам полека го апсорбира, поради што ова овошје е многу поволно за дијабетичарите. Освен за јадење, можете да ги користите и за подготовка на сокови, сладолед, овошни салати и освежителни колачи.

Намирници кои треба често да ги јадеме и природно го зајакнуваат имунитетот

Правилната исхрана има големо влијание на целокупното здравје, а одредени намирници го подобруваат имунитетот со своите хранливи материи, кои се неопходни за одбрана од разни болести.

Диететичарката Natalie Rizzo издвои неколку од најдобрите намирници кои треба често да ги јадеме, токму затоа што природно влијаат и го подобруваат имунитетот. Овошјето и зеленчукот се претежно на нејзината листа, но таа ги потенцира и намирниците како јајца и екстра девственото маслиново масло.

Храната избрана од Natalie е богата со витамини и други хранливи материи кои му помагаат на телото да се бори против инфекции, вируси и болести. Таа нуди листа од неколку намирници кои, според неа, треба често да бидат на нашата трпеза.

Црвена пиперка:

Црвената пиперка е најдобриот зеленчук за зајакнување на имунитетот. „Црвената пиперка е суперхрана богата со витамините Ц, А и Б, што значи дека има тројна моќ за зајакнување на имунитетот“, истакнува таа.

Додава дека црвените пиперки се одличен избор за оброк бидејќи може да се јадат сирови, варени или печени, што значи дека може да се комбинираат во различни јадења.

Портокали:

Портокалите се познати по тоа што се богати со витамин Ц, па не е изненадување што се наоѓаат на листата на намирници кои го зајакнуваат имунитетот. Сепак, се посочува дека при конзумирањето на портокалите, треба да се има на ум една важна работа. „Ова овошје е преполно со витамин Ц и други хранливи материи, но погрижете се да го јадете целосно, а не само како сок. Ќе внесете повеќе витамини во вашето тело ако јадете портокал, а не ако само го исцедите“, вели Rizzo.

Јајца:

Како уште една корисна храна, таа ги издвои јајцата. Истакнува дека јајцата се одлична храна за природно зголемување на витаминот Д без изложување на Сонце. „Оние кои консумираат доволно витамин Д се разболуваат поретко, а јајцата содржат голема количина на овој витамин кој го зајакнува имунитетот, особено жолчките кои не смеете да ги избегнувате да ги јадете“, истакнува таа.

Екстра девствено маслиново масло:

Маслиновото масло е централна состојка на медитеранската исхрана, позната и како најдобрата диета во светот. Тоа е „богато со полинезаситени масни киселини“, што го прави добар извор за секој кој внимава на холестерол или сака да се храни здраво за своето срце. Маслиновото масло помага и да се спречи деменција и да се зајакне имунитетот.

Спанаќ:

„Спанаќот содржи витамини А и К, како и фолна киселина, железо, магнезиум и антиоксиданси кои го прават моќен зеленчук“, истакнува Rizzo. Таа тврди дека спанаќот треба да се јаде често, а може да се комбинира во појадок, салати, како прилог за време на ручекот или вечера. Според неа, спанаќот е „храна што треба да ја јадете неколку пати неделно“

Колку е опасен убодот од болви и како да го намалите чешањето?

Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергиска реакција. Чешањето трае само неколку дена, но можете да го ублажите со кремови, но и домашни лекови, како мед.

Болвите се ситни инсекти без крилја. Тие се темнокафеави или црни, имаат шест нозе, како силни канџи на дното на нивните нозе што им овозможуваат да се држат до „домаќинот“ и да се хранат со неговата крв.

Нивните задни нозе се подолги и посилни од оние во средината и напред, што им овозможува да скокаат и над 30 сантиметри.

Каснувањето од болви ретко предизвикува трајна штета. Тие предизвикуваат блага вознемиреност и иритација која не трае долго, но сепак, треба да се има предвид дека каснувањето од болви понекогаш може да биде опасно бидејќи тие може да шират болести кои може да бидат сериозни, а некогаш и фатални.

Каде најчесто се наоѓаат болвите?

Болвите се најактивни кога времето е топло. Живеат околу дрвја, лисја, висока трева и грмушки. Кога животните поминуваат покрај овие области, болвите скокаат во нив.

Кај кучињата, мачињата и други животни, болвите живеат околу ушите, вратот, грбот и стомакот.

Така, преку животните болвите може да влезат во вашиот дом и да се скријат најчесто во тепих, мебел, постелнина.

Каснување од болви

Болвите ги каснуваат луѓето, но најчесто кучињата и мачките и не остануваат да живеат на човекот.

Кучињата и мачките имаат многу повеќе влакна од луѓето, а болвите сакаат животни со крзно бидејќи тоа им овозможува лесно да се скријат.

Болвите имаат силни канџи на краевите на нозете кои ги користат да се држат за „домаќинот“. Нивните усни вклучуваат ситна игла што ја пробива кожата, ја цица крвта и лачи плунка во крвотокот.

Кога болвата лачи плунка во човечкиот крвоток, телото ја регистрира плунката како алерген. Тогаш, човечкиот имунолошки систем одговара за да го отстрани алергенот од телото.

Хистаминот е она што предизвикува чешање и отекување на каснувањето од болви.

Многу луѓе и се алергични на каснување од болва.

Како изгледа местото каснато од болва?

Откако болвата ќе го касне човекот, се формира мала испакнатина. Околу каснувањето може да се појави прстен, а каснувањата од болви може да се појават и како кластер од неколку испакнатини.

Каснувањето од болви е најчесто на нозете, особено на стапалата и глуждовите.

Важно е секогаш да ги прегледувате добро вашите миленици. Ако тие се немирни и се чешаат повеќе од нормално, тогаш можеби имаат болви.

Каснувањето од болви најчесто не бара посебен третман, но постојат кремови и масти против чешање кои може да ја ублажат непријатноста.

Сепак, ако по каснувањето забележите потешки симптоми, како алергиска реакција, треска, главоболка или болки во телото, веднаш обратете се кај вашиот лекар.

Како да го спречите чешањето од болвите?

Не ги чешајте убодите од болви, затоа што така ризикувате да си направите рани преку кои може да се изложите на инфекција. Иритацијата трае само неколку дена, а со некои домашни лекови може да го спречите чешањето.

На пример, чешањето може да го спречите и со мраз. Мразот може да го забави количеството на крв што тече во одредена област, го намалува воспалението, болката и отокот.

Нанесете малку мраз покриен со тенка крпа и држете најмалку 10 минути.

Исто така, во оваа намена може да ви помогне и алое вера - гелот содржи салицилна киселина која го ублажува чешањето и болката.

Тука можеме да го споменеме и чајот од камилица кој има антиоксидантни и антихистамински својства.

Додајте кесичка чај од камилица во вода и оставете така да постои најмалку 20 минути, додека водата не добие богато златно-кафеава боја.

Потоа, извадете ја кесичката и исцедете ја, па на крај притиснете ја на каснатото место од болва и држете така најмалку 10 минути, па избришете со чиста крпа.

И медот може да ви помогне да го ублажите чешањето предизвикано од каснување од болва. Ставете доволно мед на убодот, а може и да го преврзете и со завој.

Популарно