Како да се справите со негативните мисли?

80% од мислите на секој човек содржат на некој начин негативна содржина. Значи нормалмно е да се има негативни мисли. Ние луѓето секогаш ја скенираме нашата околина барајќи проблем да го решиме (генерирајќи негативни мисли цело време).

IAP992282

Проблемот не е што имаме негативни мисли. Проблемот настанува кога ние веруваме дека нашите мисли се вистина.

Ако погледнете во една статија напишана за некој таблоид , за најнов скандал за славна личност. Ние ќе ја прочитаме статијата и знаеме дека статијата е веројатно необјективна, претерана, или извадени од контекст . Ние обично не верувам дека секој збор во статијата е вистинит, или дека треба да преземеме некоја мерка, како резултат на читањето на статијата.

Мислите во нашата глава заедно прават приказни (статии), и тие најчесто се слични на статиите во таблоидите. Проблемот е што ние стануваме сплотени со статиите, како едно. Ние не се враќаме назад да погледнеме од подобра перспектива. Ние не си поставуваме прашања за нашите мисли, како:

* дали оваа мисла е точна?

* дали оваа мисла е важна?

*дали оваа мисла ми помага?

Следуваат некои мали трикови да ви помогнат да се тргнете од милисте и сториите во вашата глава

Заменети ги вашите мисли

Наместо да велите "Jас сум лузер", речете "Јас имам мисла дека јас сум лузер". Наместо да речете "Јас нема да го положам овој тест", речете "Јас имам мисла дека нема да го положам овој тест". Разликата може да ви изгледа суптилна, но може да ви помогне да ја промените перспективата дека вие не сте вашите мисли.

Заблагодарете се на вашиот мозок

Ако имате анксиозни мисли, како на пример "Јас се надевам дека овој авион нема да се сруши..се надевам пилотот знае што прави", речете "Ти благодарам мозоку. Ти благодарам што се обидуваш да ми направиш да се чувствувам безбедно. Но навистина нема потреба да правиш такво нешто сега. Некогаш можеш да се одмориш".

Пуштети ги мислите

Оваа стапка вклучува имагинација. Вие ја ставате секоја негативна мисла на лист и замислувате како листот паѓа во поток. Кога имате друга мисла, ја ставате на друг лист и го гледате како паѓа и тој.

Запишете ги вашите мисли

Потрудете се да ги запишете вашите мисли во алфабетски редослед и потоа прочитајте ги. Ќе ви звучат бескрајно нелогично, што е и целата поента.

Изговорете ги со потсмев или со смешен глас.

Може и да направите имитација од некој лик/карактер од смешна серија или цртан.

Именувајте ги вашите приказни

Mногу пати нашите мисли се повторуваат и вклучуваат исти приказни. Мојата приказна најчесто е: "Јас навистина не знам што правам". Кога мислите доаѓаат на тој начин, можете да кажете "ООО еве ја мојата ЈАС СУМ ИЗГУБЕН" приказна, и само пуштете ја да си оди.

Вежби

Метод 1.

Идентификувајте ги негативните мисли

Запишете ги мислите кои ви прават да се чувствувате тажни или обесхрабрени: се обвинувате или се срамите себеси за работи кои не се ваша вина, интерпретирајќи ги тие едноставни грешки како показател за лични неуспеси, или ги замислувате вашите мали проблеми како многу поголеми од што реално се.

Прекинети ги негативните мисли веднаш!

Еднаш кога ќе ги идентификувате негативните мисли, возвратете им со кажување на нешто позитивно за себе. Како на пример. наместо да речете "Јас навистина имам лошо утро", речете си "Ова утро е глупаво, но денов ќе биде подобар". Задржете го вашиот ден позитивен.

Ако патите од ова, запамтете го следдново: никогаш не си кажувајте нешто за себе, коешто нема да му го кажете на некој друг. Останете позитивни и едноставно тоа може да ви стане навика.

Обратете внимание на вашиот речник

Дали сте се забележале дека употребувате безусловни термини? Како на пример: "Јас никогаш нема да можам да го направам ова" или "Јас секогаш го зезнувам ова". Апсолутните термини (безусловните) најчесто се претерани и не оставаат простор за објаснување и разбирање.

Вашиот вокабулар (речник) треба да вклучува зборови кои ги кажувате на галас на други луѓе, додека зборувате за себе, дали на глас или ментално.

Отстранети ги премногу негативните зборови од вашиот речник

Идентификувајте ги негативните мисли

Запишете ги мислите кои ви прават да се чувствувате тажни или обесхрабрени: се обвинувате или се срамите себеси за работи кои не се ваша вина, интерпретирајќи ги тие едноставни грешки како показател за лични неуспеси, или ги замислувате вашите мали проблеми како многу поголеми од што реално се.

Прекинети ги негативните мисли веднаш!

Еднаш кога ќе ги идентификувате негативните мисли, возвратете им со кажување на нешто позитивно за себе. Како на пример. наместо да речете "Јас навистина имам лошо утро", речете си "Ова утро е глупаво, но денов ќе биде подобар". Задржете го вашиот ден позитивен.

Ако патите од ова, запамтете го следново: никогаш не си кажувајте нешто за себе, коешто нема да му го кажете на некој друг. Останете позитивни и едноставно тоа може да ви стане навика.

Обратете внимание на вашиот речник

Дали сте се забележале дека употребувате безусловни термини? Како на пример: "Јас никогаш нема да можам да го направам ова" или "Јас секогаш го зезнувам ова". Апсолутните термини (безусловните) најчесто се претерани и не оставаат простор за објаснување и разбирање.

Вашиот вокабулар (речник) треба да вклучува зборови кои ги кажувате на глас на други луѓе, додека зборувате за себе, дали на глас или ментално.

Отстранети ги премногу негативните зборови од вашиот речник

Екстремните термини како "ужасно" или "катастрофа", не треба да се користат. Заменети ги овие термини со охрабрувачки мисли или пофалби.

Кога ќе ви дојдат ваквите зборови во вашите мисли одма заменети ги, пример: "Ужасно" со "Не толку добро колку што се надевав", "Катастрофа" може да се замени со "Предизвик".

Свртете го лошто во добро.

Неколку ситуации се тотално добри или тотално лоши. Барајќи го доброто во вознемирувачка ситуација ќе ви помогне лошто искуство да изгледа помалку лошо. Кога ќе приметите дека почнувате да размислувате негативно, најбрзо застанете и погледнете го позитивниот аспект.

Метод 2

Започенете го денот со 5 добри работи.

Тие не мора да бидат возвишени или амбициозни работи. Тие можат да бидат едноставни како мирисот на добро кафе или звукот на вашата омилена песна. Размилувајќи на овие работи и кажувајќи ги нив гласно значи дека сте го започнале секој ден фокусирајќи се на позитивното. Ова создава основа за подигнување на остатокот од денот, што прави потешкотија за раст на негативноста.

Студиите покажуваат дека кажувањето на позитивни работи гласно всушност ќе направат да верувате во тоа што го кажувате. Ова може да ве направи посреќни и пофокусирани на позитивните работи.

Уживатје во вашиот ден.

Не ги сфаќајте работите многу сериозно. Социјализирајте се и опкружете се со позитивни луѓе. Ако сте стресни, мислете на нешто друго наместо на тоа што ви го предизвикало стресот.

Практикувајте здрави навики

Јадете свежа храна, вежбајте и спијте доволно. Вежбањето е добар начин за да му попречите на вашиот мозок во генерирањето на негативни мисли. Избегнувајте пушење и прекумерно пиење.

Контролирајте ја вашата околина

Вие не сте беспомошни со вашите мисли. Ако не сте среќни со нешто, СМЕНЕТЕ ГО. Слушањето на музика, убавото осветлување дома, вежбањето, пешачењето се неколку начини да го регулирате стресот. По преземањето на промените, честитајте си себе си за вашето подобрување. Активното сетирање на вашиот мозок ќе ги избрка вашите негативни мисли.

Релаксирајте се навечер. Најдете мирно, удобно место и одвојте си време за релаксирање. Ментално прегледајте го денот и најдете 5 позитивни работи кои сте ги доживеале во текот на денот. Кажете ја секоја од тие работи гласно и запишете ја во вашиот дневник.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно