ФОТО: Балистите Арената „Филип Втори“ ја преименуваа според основачот на УЧК

Балистите не престануваат со провокации. Овој пат, навивачите на Шкендија ја преименуваа Националната арена „Филип Втори“ во „Адем Јашари“. На официјалната фејсбук-страница на „балистите“, во најавата за натпреварот против Млада Болеслав стои дека мечот ќе се игра в четврток на Арената „Адем Јашари“.

balisti

- Сите заедно да ја испишеме историјата - арена „Адем Јашари“, стои на официјалниот плакат за натпреварот со напомена дека збирното место ќе биде на плоштадот „Илирија“ во Тетово.

Адем Јашари по кого е прекрстен најголемиот стадион во Македонија, е основач на УЧК и еден од најголемите џелати на Србите во Косово. За Албанците во Косово, Македонија и во Албанија тој е еден од најголемите херои и неговото име го носи Домот на културата во Приштина, на аеродромот, а Косовците дури и имаат отворено и музеј во кој се истакнати неговите војнички успеси во борбата за независност на Косово. Адеми беше убиен од страна на српската војска во 1996 година.

На речиси сите натпревари „балистите“ истакнуваат транспаренти со националистичка содржина и карти на голема Албанија, ја исвиркуваат химната, извикуваат навредливи слогани против Македонците и се тепаат полицијата. Капак на нивното недолично однесување беше натпреварот на Купот на Македонија кога искршија столчиња и направија штета од десетина илјади евра.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно