Пејачката Драгана Мирковиќ во новата постава на жирито „Пинкови ѕвезди“ на снимањето на првата емисија во Шумановци стигна во стил на голема светска ѕвезда во луксузен „Мајбах“ вреден околу 200.000 евра.
Фолк ѕвездата привлече големо внимание пред студијата, а од црната лимузина излезе во црн фустан и беше расположена за позирање.
Освен Драгана која на местото на Цеца Ражнатовиќ во црвената фотелја ќе биде во стручното жири во наредните неколку месеци ќе седнат и нејзините колеги: Александра Радовиќ, Шабан Шаулиќ, Зорица Брунџлик и Дара Бубамара, а водитеи во новата сезона ќе бидат Милан Калиниќ и Миа Борисављевиќ.