Дали ќе се оствари морничавото предвидување на Нострадамус?

dwqfodkeqwopgprwe

Како што секогаш се случува по некое значајно случување за иднината на светот, бројните обожаватели на ликот и делото на славниот пророк тргнаа во толкување на неговите текстови...

Уште пред неколку денови разни „експерти“ почнаа да ги толкуваат Нострадамусовите стихови и врз основа на нив заклучиле дека победник на претседателските избори во САД ќе биде Доналд Трамп.

- Тој ќе биде избран за гувернер на војската. Ќе биде безстрашен. Срушен мост, град кој се онесвестил од страв, запишал

Нострадамус.

- Лажниот трубач, прикривајќи го лудилото, ќе ја присили Византија да ги смени своите закони. Од Египет ќе стигне човек кој ќе ги повлече законите и ќе ги промени парите, стои во уште еден стих кој „експертите“ исто така го поврзуваат со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Некои стихови исто така ја предвиделе борбата помеѓу Трамп и Клинтон.

- Русокоса ќе излезе да го компромитира оној со крив нос. Ќе следи судир и таа ќе го откаже, запишал Нострадамус, а Виктор Беинс, претседателот на Американскот Нострадамусово друштво, тврди дека тие стихови се однесуваат на претседателската кампања на која бевме сведоци до пред два дена.

Нострадамус освен овој двобој, за 2016. година наводно предвидел и Трета светска војна која ќе трае 27 години и ќе се поклопи со појавувањето на „голема комета на небото“.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно