Драгана молела да ја породат, но докторите чекале и бебето починало

Драгана мајка на едно детенце, пред една недела била во Општата болница за да се породи со женско дете, но бебето умрело во стомакот во страшни маки додека чекала лекарите да најдат слободен термин за да ја породат.

Во исповед за српски „Ало“ Драгана вели дека 4 дена ги молела лекарите на Крушевац за да ја породат бидејќи имала благо висока температура и мачнини, како и јаки болки во стомакот и препоните, но дека во операционата сала ја однеле дури кога виделе дека бебето е мртво.

- Бременоста помина нормално сите 9 месеци, а терминот ми беше до 10 декември. Во болница отидов во петокот на 9-ти, по договор со Зоран Хаџи Ранѓеловиќ, да ме прими за царски рез. На прегледот е потврдено дека градниот кош и срцето како и плодовата вода, е во ред. Докторот ми рече: „Оди дома до понеделник, не е ништо итно“. Во понеделник сестрата дрско ми рече дека докторот завршил со смената и дека си заминал дома. Кога му се јавив, ми рече: „Сега пристигнувам“, и се појави за кратко а потоа испрати доктор на прием. Ми направија преглед и утврдија дека срцевите тонови на бебето се во ред. Набрзо добив температура 36,7 па ми рекоа тоа не е висока, заштитена си со антибиотици. Ќе причекаме да падне, со тешки маки раскажа Драгана, која под седативи сега се опоравува. Драгана вели дека во вторникот имала главоболка и мачнини и дека веднаш се пожалила на дежурната сестра.

- Ја молев да го повика докторот, со зборовите: „Главата ми гори, чувствувам температура“! Но, таа ми велеше да се смирам, ми се влоши состојбата, кога почнаа силните болки во стомакот и препоните. Не можев да се померам од грчеви! Вечерта околу 18 часот, повторно ја повикав дежурната сестра Јелена за да ги повика докторите која дрско ми одговори: “Лежи тука и одмарај“.

„Нема никој, сите се во салата“ Ми даде антибиотик и диклофенак за болки. Вечерта ја поминав во големи маки. Кога ме попуштија болките околу 22:30 станав да се истуширам, но сестата повторно ми викаше „Изгаси го светлото и спиј“. Никој од лекарите не дојде таа ноќ за да ме прегледа

Наредниот ден исто, станав со главоболка. Докторот го видов во утринската визита и го прашав „Зошто не ме пораѓате, што чекате?“ Меѓутоа главниот збор го водеше д-р Рушка, која рече: „Сега си без температура, утре правиме царски рез“. Мојот доктор само рече да ми направат преглед. На тој преглед се испостави дека не можат да ги фатат отчукувањата на срцето на бебето.

Ме однесоа на ултразвук и веднаш видов дека лекарите чудно се погледнаа. Докторката Рушка на мојот лекар му кажа „Зоран погледни во екранот“. Прашав, „што е Дали нешто не е во ред?“. И Таа ми одговори „за жал не е, нема акција“, се онесвестив од шок и повторно се разбудив во соба каде ми даваат инекции за смирување. Вриштев на нив од мака и бес: „Ми го убивте бебето“ Породете ме додека не умрам од сепса, дома ме чека мало дете! – огорчено раскажа Драгана, која вели дека во операционата сала ја однеле дури кога началникот наредил, но дека за нејзиното девојче тешко 3,4 килограми, било доцна.

- „Виновен сум, не знам што се случило“. Мораш да ме разбереш и да ја прифатиш ситуацијата, колку и да е трагична. Ми рече: “мене можеше да ме згазат на улица и да не те породам“.

Семејството против болницата покрена кривична пријава поради сотрено тешко дело против здравјето на луѓето. По налог на тужител, болницата за овој трагичен случај денес ќе ја посети здравствена инспекција, која ќе ги испита сите околности на овој случај.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно