ПЕТИЦИЈА: Да се укинат патарините во Македонија!

Корисник со име Влад Гостивар на социјалните мрежи  да се сподели онлајн петиција која го привлекува вниманието на јавноста.

„Укинување на патарините и воведување на „Вињета“ би го олеснило движењето по Македонските патишта. Исто така драстично би се намалиле неподносливите гужви на наплатните рампи особено во периодите кога низ државата транзитираат туристи. Локалните патишта би се растеретиле од возила и камиони кои луѓето ги користат како алтернатива со цел да заштедат плаќање патарина. Вработените во патаринити би се прераспределиле како контролори и продавачи на вињети, со добро конципиран систем Македонија ќе стане главна крстосница на Балканот.“, стои во образложението на петицијата.

Доколку сметате дека оваа петиција треба да добие поддршка и дека навистина би била корисна нејзината имплементација тогаш вашата поддршка може да дадете со потпишување ТУКА.

Инцидент на Скопскиот аеродром

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.  

Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип.

Возила на полицијата и Итна помош биле пред куќата.

Неофицијално девојката била почината пред неколку дена, а според првичните информации таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе детали за настанот најавија за денес.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје. 

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Популарно