Почина Словенецот чие сурово измачување беше пренесувано на Фејсбук

Словенецот што беше брутално измачуван и понижуван од страна на двајца напаѓачи во околината на Кршко, а целиот настан беше сниман и пренесуван и на Фејсбук, почина во вторник на Клиничкиот центар на Љубљана.

Словенија е згрозена од злосторството што во неделата кон понеделникот се случило во село близу Кршко, при што двајца злоставувале 26-годишен маж, тоа го снимиле и го поставиле на Facebook, каде било прегледано од 250.000 корисници на мрежата.

Facebook, по интервенција на полицијата го отстранила 23-минутното видео од тортурата. На видеото се гледало како момчето е злоставувано, како се пцуе, а двајцата мажи му се закануваат. Анонимен човек пријавил во полиција, а од таму со помош на снимката го лоцирале местото на злосторството, ливада во близина на селото Подбочје кај Кршко.

Дваесетгодишниот Алеш Оловец од Словенија е монструмот кој на својот Фејсбук ја објави снимката од мачењето и убиството на 26-годишникот

Жртвата е најдена во 4 часот утрото, во несвест, крвав, смрзнат и со тешки повреди на главата и телото. Итно е префрлен во болница во ново Место, па во Љубљана, каде лекарите не успеале да го спасат.

Двајцата напаѓачи на возраст од 20 и 29 години се од околината, притворени се и се претпоставува дека се познавале со жртвата, поради што полицијата се сомнева на лично нетрпение, кое го поттикнало насилството.

Некои психолози предупредуваат дека ваквите настани имаат силно влијание затоа што се пренесуваат преку социјалните мрежи. Конкретната снимка била отстранета по неколку часа, а до тогаш ја прегледале повеќе од 250.000 луѓе, меѓу кои и многу млади, додека некои дури и кликнале `like`.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно