Колку Македонци земале бугарски пасош во 2016 година?

Годишниот извештај на Комисијата за бугарско државјанство и Бугари во туѓина во рамките на Администрацијата на Претседателот, вели дека купно 6.196 Македонци минатата година добиле бугарско државјанство. Извештајот покажува дека споредено со 2015 година, бројот на Македонци што добиле бугарско државјанство е пораснат за 1.881.

„Во 2016 година продолжува трендот на зголемување на бројот на луѓе од Република Македонија коишто добиле бугарско државјанство. Во споредба со 2014 година кога нивниот број е 1.874 луѓе, во 2015 година се зголемува на 4.315 луѓе за бројот на натурализирани македонски граѓани лани да достигне 6.196 луѓе“, пишува во извештајот, пренесува Призма.

Со тоа, како што пишуваше БИРН, од 2005 година до лани, вкупно 63.823 Македонци декларирале дека имаат бугарско потекло, односно добиле државјанство и пасош. Македонците се први на листата според потпишаните укази за добивање бугарско државјанство лани.

На второто место се граѓаните на Украина, со одобрени 2.254 барања за бугарско државјанство, а потоа следуваат граѓаните на Молдавија со 1.209 и на Србија со 911 државјанства. Заедничко за сите земји на врвот на оваа листа е што се надвор од Европската Унија, а граѓаните со бугарскиот пасош всушност бараат „иселеничка виза“ во некоја од земјите членки. Мотивите за иселување најчесто се од економска природа, односно граѓаните емигрираат во потрага по подобра работа и повисока плата.

Деновиве бугарската потпретседателка Илијана Јотова изјави дека повеќе нема да потпишува декрети за стекнување на бугарско државјанство, се додека специјална комисија од експерти не ја потврди вистинитоста на доставените документи за бугарско потекло на барателите. Бугарските медиуми пишуваа дека властите во земјата им дале бугарско државјанство на луѓе кои се барани од страна на Интерпол и на тој начин ја избегнувале правдата во своите земји.

Тело на мртва 26 годишна девојка пронајдено во куќа каде била под кирија во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.

Ненадејно почина сопругата на познатиот македонски бизнисмен

Сопственикот на бензинските пумпи МАКОИЛ Мите Јовановски на социјалните мрежи објави дека починала неговата сакана Тања Мојсовска. 

– Почина мојата сакана, ќе биде изложена во црквата СВ.Јован крстител во Бутел од 13:30 до 14:30 понеделник, објави Јовановски вчера на социјалните мрежи.

МВР денеска соопшти дека на 28.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Млад фудбалер почина на терен

Станува збор за Анхел Оједа (23), кој ги бранеше боите на клубот Педро Фере, а трагедијата се случи на нивниот дуел против Ситрекс. Несреќното момче настрада во десеттата минута од второто полувреме, кога со глава удри во ѕид на работ на теренот, кој немаше никаква ограда за одвојување.

Оједа веднаш бил префрлен во болница, каде што починал набргу поради крварење во мозокот како последица на тешка траума. Клубот Педро Фере се збогува од својот фудбалер пред клупските простории, со аплаузи и знамиња додека поминуваше погребната поворка. Вознемирувачкото видео погледнете го на следниот линк:

Извор Спорт 1 

Популарно