Се женел 8 пати во Србија, Македонија и Хрватска, па ѝ се вратил на првата

Милован Алексиќ 78 од српското село Бара имал осум жени. Последните три децении живее со Владанка од Забрега, единствена со која е во брак- по втор пат. Вели дека секоја од нив има посебно место во неговото срце- Владанка од Бара, Душанка од Сиљевица, Бранка од Белошевци, Лепа од Македонија Нада од Македонија, Љиља од Ресавица, Владанка од Забрега и Љиља од Хрватска. Вели имал повеќе но не смее да признае, пренесува српски Блиц.

-Не сум мрзел ниедна жена, но ниедна не е незаменлива. И сега, ако оваа баба не е добра и неа ќе ја заменам. Имам прилика кај други две, до 10 имам право- вели на шега Милован, длабоко влезен во својата осма деценија

Немирниот авантуристички карактер го носел далеку од дома, а во секое ново место на престој го одбележала и нова жена со која, венчан или не, живеел. Пред 30 години одлучил да се врати дома , да се смири и од тогаш живее со Владанка (77) од Забрега, со која претходно живеел три години.

-Таа е вистинска жена бидејќи ги прифати моите деца подобро од вистинската мајка. Тие повеќе ја сакаат неа отколку мене.

Неговите три ќерки се од Бранка. Редовно го посетуваат заедно со внуците и правнуците. Бранка побегнала од него по 12 години брак, а му пишала писмо од Германија.

На Владанка тој и е втор сопруг, првиот го оставила по две години, заради роднините.

-Можевд а се омажам со богат, да жуивеам во стан, глава да не ме боли. Но отидов за милован затоа што е добар човек. Сѐ ми купува, а на другите жени мажите не им купуваат. Заедно стекнавме сѐ. Тој живеел со други од денес за утре. Единствено што е многу љубоморен- вели Владанка.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно