Во Затворот „Шутка“ претепан обвинетиот за напад врз Села во собранието

Два месеци откако беше уапсен од страна на полицијата поради обид за убиство на пратениците, еден од напаѓачите на Села беше претепан во Затворот на Шутка. Инцидентот го потврдуваат и од затворот.

Ѓорѓиевски бил однесен вчера изутрина во Ургентниот центар во Болницата „8 Септември“, а околу 17 часот полицијата повторно го вратила во затвор. На 11 мај оваа година, полицијата го уапси Кире Ѓорѓиевски и неговиот татко, при што во нивниот стан беа пронајдени патики со крв. На таткото и синот обвинителството им одреди мерка притвор, но и двајцата обвинети рекоа дека само сакале да му помогнат на Села, а не да го убијат. Ним ќе им се суди за кривичното дело, обид за убиство со умисла, дело за кое што според Кривичниот законик се добива казна затвор од најмалку 5 години.

ФОТО: Ќерката на Шенка Колозова повредена во сообраќајка кај надвозникот во Ѓорче Петров

Пред околу еден час се случила сообраќајна несреќа кај надвозникот во скопската населба Ѓорче Петров, каде што се судриле два автомобили, пишува „Фокус“.

Според првичните информации, во сообраќајката полесно повредена е ќерката на познатата актерка Шенка Колозова. Таа се наоѓа надвор од животна опасност.

Патот кон Волково е блокиран.

Информациите на „Фокус“ ги потврди и директорот на Градската болница „8 септември“, Кристијан Костов, каде што се примени двете пациентки.

– Пациентката има фрактура на петна коска и ќе си оди дома со гипс, а другата сопатничка што била со неа има потрес на мозокот и ќе биде испратена на скопската Клиника за неврохирургија – истакна доктор Костов.

Се чека потврда од Министерството за внатрешни работи.

„Алфите“ го привеле возачот кој усмрти пешак кај Капитол

Дваесет и осум годишниот скопјанец А.Р. кој денеска удри пешак кај трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром е фатен од страна на Алфите и однесен во полициската станица во Гази Баба, потврдија  од МВР.

Според информациите на полицијата, денеска во 14 и 40 часот на булевар „Јане Сандански“ во близина на ТЦ Капитол возач на патничко моторно возило „Пежо’ удрил во пешак и истиот напуштил лице место. Шеесет и шестгодишниот пешак од Скопје веднаш со возило на брза помош веднаш е префрлен во Ургентен центар каде е констатирана смрт.

Од полицијата додаваат дека веднаш по незгодата, возачот на „Пежото“ е фатен од Алфа тимовите и е приведен во полициска станица Гази Баба, а пронајдено е и возилото.

Со настанот е запознаено и Јавното обвинителство. Увидот е во тек.

Почина пешакот кој беше прегазен на пешачки во Скопје

Прегазениот пешак на пешачкиот премин пред трговскиот центар „Капитол“ во скопски Аеродром, им подлегнал на повредите. 

Веднаш по сообраќајката, тој бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, каде што им подлегнал на повредите.

Возачот побегнал од местото на настанот.

Полицијата во моментот врши увид на местото каде што се случила тешката сообраќајка.

Популарно