ТУРИСТИТЕ БЕГААТ: Цунами во Бодрум по силниот земјотрес

Земјотресот со итензитет од 6,2 степени, според Рихтеровата скала, што синоќа во 1.31 часот, по локално време, ги погоди југоисточните острови во Егејското Море, предизвика создавање на цунами со висина од десет метри во морето покрај турскиот град Бодрум, покажуваат податоците на сеизмичката опсерваторија „Кандили“ при Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул.

Во Бодрум и Датча се повредени 90 лица, но никој не е во критична состојба.

Земјотресот предизвикал силна паника меѓу жителите, кои ја поминале ноќта надвор од своите домови.

Голем број на турсти си заминаа од регионот бидејќи стравуваат од нови земјотреси.

Сеизмолозите наведоа дека не се очекува поголемо цунами.

„Кандили“ посочи дека земјотресот, чиј епицентар беше на грчкиот остров Кос, бил на длабочина од 7,8 километри.

Земјотресот се почувствувал на целото егејско крајбрежје на Турција со должина од околу 90 километри.

Епицентарот, коментираат сеизмолозите, бил многу близу до површината и поради тоа се почувствувал многу силно.

Од синоќа досега се регистирани 95 вторични земјотреси.

Земјотресот најмногу го погоди Бодрум, каде сезонава е полно со туристи, вклучително и странци.

Во моментов на грчкиот остров Кос, каде беше епицентарот на земјотресот, има доста турски турсти.

Едниот од двете лица кои загинаа во земјотресот на грчкиот остров е Турчин, а другиот е шведски граѓанин.

Турција испрати ферибот на Кос за да ги пренесе во земјата лицата што се наоѓале на грчкиот остров. Анонимен турски извор наведе дека туристите масовно го напушаат Кос, каде има многу разурнувања. Во земјотресот на Кос беа повредени 150 лица.

Во Бодрум се урнал покривот на болницата, по што сите пациенти се евакуирани. Најмногу е погодено пристаништето на заливот Гумбет, близу Бодрум. Во регионот има прекин на дотокот на електрична енергија.

Сеизмолозите наведоа дека земјотресот предизвикал пукнатини на заливот Гокова.

Продолжуваат вторичните земјотреси, а како што се очекува, ќе траат уште околу еден месец. 

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно