Кај село Требовље се уште беснеат пожари

Пожарот во атарот на селото Требовље, во близина на Македонски Брод, се уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи.

Се работи за два пожара од кои едниот е од месноста „Круша“, атар на селото Близанско со правец на движење кон Требовље, а вториот пожар е од Требовље со правец на движење кон месноста „Лутоец“ и Фојник. Поради високите температури и лошиот терен, пожарот, со којшто е опфатена борова шума, се уште е активен.

Состанок синоќа одржа Регионалниот штаб за управување со кризи на Подрачното оделение на РЦУК Македонски брод на кој беше донесен заклучок во текот на денешниот ден за гаснење на пожарто да бидат ангажирани воздушните летала на Дирекцијата за заштита и спасување, лица од општината Македонски Брод, ДЗС – Скопје; ЈП Јасен, ТППЕ Македионски Брод, ДЗС – Кичево, ДЗС Македонски Брод, ДЗС – Прилеп, ЈП Македонски Шуми и од месно население на село Требовље.

Подршка на силите во гасењето на пожарите дава и АРМ со своите хеликоптери, кои беа ангажирани и во изминатите денови. Повремено се користеа и двата авиони на ДЗС.

ЦУК соопшти дека во текот на вчерашниот ден околу селото Требовље биле распоредени екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, Шумското стопанство Сандански од Македонски Брод, Територијалната противпожарна единица на Македонски Брод и лица од месното население.

Првиот крак од пожарот во селото Требовње, според ЦУК, се ширел во правец на село Здуње. Во гаснењето на пожарот интервенирале и два хеликоптери на АРМ. Со пожарот била зафатена бандера на далекувод и во моментот без електрична енергија се жителите од село Близанско.

Околу 18:10 часот пожарот бил пристигнат до патот во близина на селото Требовље и биле загрозени првите куќи од селото, поради што биле испратени дополнителни сили, протвипожарни екипи на Тетово, Струга, Гостивар, Куманово.
 

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно