Влада: Попис ќе има дури кога...

На прашањето на МКД.мк дали и кога ќе има попис, од Владата на Република Македонија одговориле дека попис на населението ќе има и истиот ќе биде спроведен следејќи ги стандардите на Еуростат.

-За спроведување на пописот на населението потребно е и создавање на политички услови со цел истиот да биде успешен. Реализацијата на пописот на населението ќе се случи кога ќе се создадат сите неопходни услови за истиот, одговориле од Владата.

Социјална пензија за сите граѓани - еве колку пари месечно ќе исплаќа државата

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија.

Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија која во овој момент е нешто повеќе од 13.000 денари. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост – стои во соопштението.

Владата ќе го менува Законот за референдум

Министерството за правда подготвува измени на законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Се предвидува законските измени да бидат донесени по скратена постапка, а  временската рамка за предлог-законот најверојатно треба да се донесе најдоцна до 31 јануари.

Основната цел на законските измени е надминување на постојните проблеми поради неусогласеноста на законското решение со изборниот законик и со законот за судовите.

Досега во Македонија се одржани два референдума, за независноста во 1991 и за територијалната организација во 2004 година.

Јоци до Васиљ: Остана уште да ти стават вегета на глава, јабука во уста и да те турат на 220 степени во рерна

Порнаешната новинарка, Јорданка Ивановска - Јоци, на својот Фејсбу профил често ги изразува своите ставови за актуелните теми во Македонија. Овој пат таа реши да му посвети еден статус на Влатко Васиљ.

- И ова го напишал типусот Влатко Бјурек, кој, во Влада работеше 6 месеци без конкурс на измислено работно место "соц.мрежи", само затоа што го фалеше Заев на ФБ и Твитер, потоа го префрлија во Град Скопје како советник на Шилегов, па се слика во ЈСП автобуси по задача, а притоа појма немаме што го советува, дали влегол преку конкурс, какво школо има и колку плата зема за дудлање. 

Бјурекче, знаеш колку млади деца има, со школо и дипломи, кои би те замениле за час ? Купишта. Ама не дудлаат добро на Бихаќка, ко оние претходно на Грујо. Ама ќе гласаат "против" на следни избори. 

Остана уште да ти стават вегета на глава, јабука во уста и да те турат на 220 степени во рерна. Е, до толку си неупотреблив.

Популарно