Стојанче Ангелов против двојазични (тројазични) униформи на полицијата

„Генералот“ Стојанче Ангелов, не се согласува со предлог-законот за јазиците, според кој албанскиот јазик треба да се најде и на полициските униформи.

„Од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година полициските униформи се ДВОЈАЗИЧНИ, напишани на кирилица на македонски јазик (ПОЛИЦИЈА) и на латиница на англиски јазик (POLICE). Не верувам дека во Македонија, дури и во најзафрлените планински села, постои човек кој не умее да го прочита и разбере зборот ПОЛИЦИЈА или зборот POLICE.

Со предлог законот за јазици се предвидува униформата на македонската полиција да стане тројазична односно, покрај на македонски и англиски, истата да биде напишана и на албански јазик.

Од професионален полициски аспект исто како и од аспект на реалните потреби на македонските граѓани, не постои ниту една единствена, практична но воедно и чесна причина кон Република Македонија, која го оправдува користењето на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција. Причините поради кои албанскиот политички фактор инсистира а дел и уценува за користење на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција се од сосема поинаква природа.

Затоа, уште еднаш, категорично “НЕ“ за употреба на албанскиот јазик на униформата на македонската полиција“, вели Ангелов.

Генералот Стојанче Ангелов си лапна нова позиција во Владата

Владата на денешната редовна седница го именуваше Стојанче Ангелов за Национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители. 

Стојанче Ангелов, кој е поранешен полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, неодамна го напушти МВР поради политички ангажман во иднина.

Тој преку статус објавен на социјалната мрежа „Фејсбук“ на почетокот на овој месец му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година. 

На почетокот на месецов, Ангелов беше ангажиран како советник за безбедносни прашања во Македонска навигација (М-НАВ).

Апасиев: Ова Грујо да ви го напраеше, досега Бејли ќе наредеше бомбардирање на државава

Брна реакција во јавноста по одлуката на Владата во собранието да испрати предлог закон за промена на гласањето на Државната изборна комисија. Според предлогот ДИК ќе се избира со 61 пратеник, место со 81 како што беше до сега. Сето ова, надополнето со европско знаменце на законот, беше доволно за коментар и од професор Димитар Апасиев. Еве што порача по ФБ:

„Драги НАТОФУНДАМЕНТАЛИСТИ кои се одмочувате на секое трепнување на Хан и Столтенберг...

Знаете нели дека ова е спротивно на чл. 2 од Пржинскиот договор (2015) и на сите уставни обичаи - како материјален извор на правото. Или сега кога сте на власт не важи ништо за вас!?

Ова Грујо да ви го напраеше, досега Бејли ќе наредеше бомбардирање на државава. Па Режимот имаше поише сенс за ИНКЛУЗИВНОСТ во процесот, бе куриња. Не сте само вие у државава! Не си играјте со оган!

Ако не па, дај и Уставот сменете го со 61 пратеник. И онака е тоалетна хартија за вас. 

Ама, заборавате дека сите шо се му се курчеа на овој народ додека беа на власт, више не се. Тешко на вас ко ќе паднете. Да не сум ви во кожата, бедници непрокопсани.

#Бојкотирам

#НемаПравдаНемаМир

#ТекЧеДаВамБудеЖао

#ВашатаПАСОКизацијаЕнеминовна“

Обвинителството се премисли: На напаѓачите на Саздо ќе им се суди за свирепо убиство

Со утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка.

Имено, наместо за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални и материјални докази, односно беа испитани повеќе сведоци, беше прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинско-последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход.

Одлуката за преквалификација на кривичното дело можеше да се донесе само откако јавното обвинителство ги обезбеди сите релевантни докази, меѓу кои и судско медицинското вештачење, и откако ги утврди фактите кои произлегуваат од тие докази.

Истражната постапка против тројцата осомничени ќе продолжи за кривичното дело убиство. Пред да биде донесена јавно-обвинителската одлука, двајцата осомничени кои се наоѓаат во притвор во Затворот Скопје ќе бидат доведени пред надлежен јавен обвинител за да дадат своја одбрана за ова кривично дело.

За третиот осомничен кој се уште е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница.

Воедно, надлежен јавен обвинител во текот на истражната постапка, продолжува да презема и други истражни дејствија, меѓу кои ќе издаде и наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени.

Популарно