(ВИДЕО) Детонирале атомска бомба под вода - Погледнете ја снимката која ја замрзнува крвта во вените!

Кога атомска бомба ќе експлодира над земја, таа произведува голем облак чад кој е видлив од десетици километри.

Но, кога нуклеарно оружје ќе детонирате под вода, експлозијата формира огромен кратер и голта се пред себе.

Следното видео е од операцијата „Hardtack“ и во него можете да видите детонација на 8-килотони силна нуклеарна бомба под вода.

Фотографијата подолу ја прикажува вистинската разорна моќ на оваа бомба наречена „Umbrella“...

(ВИДЕО) УЕФА ги премина сите граници: Романтичниот бакнеж на Меси казнет со 60 илјади евра

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Олимпијакос со 60.000 евра.

Причината за ова е еден од навивачите на тимот на Пиреа кој го прегрна и го бакнa Меси во близина на корнер знаменцето.

Во финишот друг фан на Олимпијакос му се доближи на Меси и сакаше да направи селфи со него, а сметка за тоа УЕФА му ја достави на грчкиот клуб.

Казната за „црвено-белите“ е и за недозволени скандирања и користење ласери.

Олимпијакос и Барселона играа на 31 октомври во Атина, мечот заврши 0:0.

(ВИДЕО) Ученици јунаци: Од училиште до дома одат на -30 степени, ниту ветерот од 108 километри на час не им може ништо

Русија е позната по ниските температури кои секоја зима ги има во оваа земја, но позната е исто така и по Русите кои тие температури ги користат да прават луди работи.

Оваа приказна сепак не е баш за некои луди работи, туку доказ дека желбата за образование може да направи се.

Крајот на училишниот ден во руската североисточна република Сака го обележа почетокот на голема почетокот на големата снежна бура која ги пратеше децата на патот до дома.

Локален блогер објави видео од овој неверојатен марш на својот Твитер профил.

Зафатени од ладниот ветар и снегот, децата скоро и да не одат туку цело време се во опасност од превртување, додека се влечат еден со друг по патот.

Локалниот метеоролошки извештај тврди дека ветровите достигнале брзина од 108 километи на час и дека живата на термометарот се спуштила до минус 30 степени целзиусови.

За среќа на учениците, поради оваа временска непогода, часовите денеска биле откажани.

Погледнете го видеото:

Инаку градот каде што е снимено ова видео, градот Јакутск, важи за можеби најладниот град на светот.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НЕУСПЕШЕН ШАРМЕР: Фудбалската ѕвезда избркана отакако праќал непримерни пораки на атрактивна сопруга на соиграч

Ако помине, помине, но не помина. Колумбискиот репрезентативец праќаше непристојни пораки на сопругата на соиграчот, овој веднаш го пријави, а челниците на клубот порачаа: Е, сега пакувај ги куферите!

Тео Гутиерез сигурно заминува од колумбискиот тим Атлетико Жуниор.

Тоа само по себе можеби и не е вест, ако се знае дека трансферите во модерниот фудбал се секојдневна работа.

Оние кои малку подобро следат фудбал знаат кој е Теофило Гутиерез, но човекот не заминува од Атлетико затоа што не давал доволно голови, туку затоа што пробувал да постигнува голови надвор од теренот и тоа на гостински терен, кај сопругата на соиграч.

-Погледни што ми прати твојот соиграл, кажала Гладис Ортега, атрактивната сопруга на Парагваецот Роберто Овелар, кој со Гутиерез игра во ист клуб.

Пораките биле се само пристојни не, пренесуваат колумбиските медиуми, а Овелар во истиот момент отишол во клубот и се им раскажал не челниците, кои го повикале Тео на разговор.

На разговорот било одлучено, во следниот трансфер период, Тео да ги пакува куфери и среќата да си ја побара на друго место.

Инаку, Теофило Гутиерез е голема ѕвезда на колумбискиот фудбал, тој на Светското првенство му го зема местото во првиот на Џексон Мартинез, кој тогаш беше во брилијантна форма и беше на мета на сите големи европски клубови.

Популарно