Ме успасија пред ќерката, па си честитаа за убиството на Аркан

Драган Николиќ Гаги вели дека откако пукале во него, морал итно да избега, а на 15. април 2003. година по криењето и животот во бегање, бил уапсен во спектакуларна акција.

- Слушам експлозија, станувам пред тригодишната ќерка. Гледам искршена влезна врата, сакам да ја заштитам ќерката. Ги видов Кобрите како влегуваат во станот. Ме унаказија пред детето. Гледам надвор пожарникари и Брза помош облечени како бездомници, сфатив дека има и полиција, бев опколен. Ме однесоа во полиција, а таму на командантот кој ме уапси му честитаа за убиството на Аркан, вели Гаги.

Претходно тој раскажа се за деталите за убиството на Аркан.

ФОТО: Автомобилот на пола, ја леди крвта

Страшна сообраќајка денеска ја зави Македонија во црно, откако згасна млад живот во Штип.

Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

ФОТО: Луксузно БМВ сруши семафор во Скопје

Луксузно БМВ синоќа на дождот се заби во семафор на булеварот Теодосиј Гологанов и го сруши.

Идентитетот на БМВето не е познат, а извесно време сообраќајот беше запрен во едната лента на булеварот.

Матурант прегази деветгодишно дете, почина на лице место

Голема трагедија ја потресе Хрватска, кога деветгодишно момче беше прегазено од матурант и почина на лице место.

Директорката на училиштето ја потврдила веста и изразила сочувство до родителите на детето.

Таткото на детето напиша: Мојот син е сега со ангелите. Со оваа објава го растажи регионот.

Малото момче се викало Патрик.

Популарно