Андреев: Самсоненко ме смени од Вардар под притисок од Груевски - Вардар негира

Рускиот стратег, Сергеј Андреев, кој додека беше тренер на ФК Вардар спиеше на клупата, за рускиот весник „Меч“изненадувачки изјави дека причината за неговата смена од тренерското место во Вардар не е од спортски причини.

„Немаше да останам тренер на Вардар и ако го миневме АПОЕЛ во Лигата на шампионите. Дури ни денес не ја знам правата вистина. Но, откако минаа двата натпревари од квалификациите, имав средба со сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко. Веднаш се разбравме еден со друг, тој ми рече дека е под притисок и го насочи прстот нагоре. Ми го посочи премиерот, а јас не можев да верувам. Не знам како се случи ова, но ви кажувам искрено што ми кажа Сергеј. Му се заблагодарив, сите пари ми беа исплатени и се разделивме. И денес сме во добри односи, понекогаш и се слушаме кога доаѓа во Ростов“, изјави во долгото интервју на 12 септември на новинарот Евгениј Шуваев, поранешниот тренер на Вардар.

„Црвено-црните“ беа елиминирани од АПОЕЛ со вкупни 1-1, по оние 0-0 во Никозија и 1-1 во Скопје. По елиминацијата следеше заминување на Андреев, а на негово место дојде Гоце Седлоски, кој со Вардар освои две титули првак на Македонија. Од управата на Вардар се изненадени од изјавата на Андреев и откако стапивме во контакт, извршниот директор на клубот, Самоил Симев ги негира натписите во руските медиуми.

„Наојстро демантирам и одговорно тврдам дека такво нешто воопшто не му било кажано на Андреев при разговорот со нашиот сопственик, Сергеј Самсоненко. Од кои причини дал таква изјава самиот Андреев, навистина не знам. Но, она што би сакал јасно да напоменам е дека веќе е навистина доста. Доста е веќе светото име во спортот во нашата држава, Вардар, да се користи во политичка конотација. Преку вашиот медиум би сакал да ги замолам сите останати медиуми, како и дел од оние кои работат исклучиво по инструкции и за туѓи интереси - доста веќе политички нè боите. Јасно е веќе дека дел од медиумите немаат никаков морал, етика и принципи во работењето. Се злоупотребува секој спортски работник, кој во овие пет години мина низ нашите клубови. Како Андреев, така и Раул Гонзалез, тренерот на машката ракометна екипа, кој на обична изјава и мислење за општината се дрзнаа многу луѓе и медиуми да го нападнат и оцрнат неговото име и неговите спортски достигнувања, како во Вардар, така и во репрезентацијата на Македонија. Само за потсетување, пред само три месеци, истиот тој Раул го донесе најголемиот клупски успех во Македонија - ракометната титула во Лигата на шампионите и воедно беше прогласен и за наш херој како предводник на РК Вардар“, смета Симев.

Во името на клубот, Симев на крајот упати порака дека Вардар е самостоен во работата и нивната работа е општествено одговорна, а не политичка.

„За крај, би сакал да им порачам на сите, оставете не да работиме во мир. Во многу наврати изјавивме дека сме самостојни во работењето. Наш императив и интерес е спортот, развојот на Вардар во сите три клуба, како и во младинските категории. Нашата работа е општествено одговорна, а на политичка. Бурно ќе реагираме во иднина на секој што ќе сака да му прилепи какви  било етикети и да го злоупотреби името на Вардар во политичка кампања. Ние докажавме дека сме самостојни во нашето работење, така и ќе продолжиме, да го радуваме македонскиот народ, исклучиво на спортските борилишта и со врвни спортски резултати“, заврши Симев во разговорот за Gol.mk.

Вардар од пред еден месец има нов тренер, Чедомир Јаневски и по неговото назначување, клубот обезбеди место во групната фаза на Лига Европа. 

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост.

„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје. И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“,објави Вардар.

Познати се ривалите на Македонија на ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство оваа година. Откако на претходното бевме еден од домаќините, овојпат нашите девојки се пласираа на континенталниот собир преку квалификациите. Македонија ривалките за ова натпреварување ги дочекаа од третиот шешир. 

Европската ракометна федерација ја одржа ждрепката за групната фаза на ова натпреварување во своето седиште во Виена. 

Среќата не посака и Македонија влета во групата А, каде што ќе се натпреварува против Шведска, Унгарија и Турција.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември оваа година. Домаќини ќе бидат три градови, швајцарски Базел, австриски Инсбрук и унгарски Дебрецин. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Дебрецин во Унгарија.

Почина освојувачот на првиот ракометен Куп на Македонија!

На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации. 

Дејан Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина (Југославија).

Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во Куманово и Работнички од Скопје со кој неколку сезони играл во најдобрата прва Југословенска лига.

Се образува на Вишата Фискултурна школа во Скопје каде е дел од првата генерација, а високото образование го завршува на Факултетот за Физичка Култура во Сараево. 

Тренерската кариера Дејан Мариќ ја започнува 1959 во Куманово, каде е и еден од основачите на клубот, а ги тренирал и  Работнички, Борац Урошевац, Божур Гњилање, Кале Скопје, Мајданпек Србија, Крива Паланка, Шевро Куманово...

Професор во Градежно-Машински Училишен Центар (ГМЦУ) во Скопје, како и во Средното музичко училиште Илија Николовски-Луј, каде што и се пензионира.

Бил тренер на многу прволигашки играчи во Југославија и Македонија, како и репрезентативци на двете држави кои оставиле траг на ракометот на овие простори меѓу кои:  Љубимир Савевски, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Драган Маринковиќ, Ацо Станковски, Панче Брдаров, Савчиќ, Меѓедовиќ, Томовиќ, Вучковиќ, Речица...

Во 1993 година како тренер на Шевро Куманово го освојува првиот ракометен куп на независна Република Македонија.. Во финалето Куманово го совладува тимот на Металург од Скопје.

Последните години од својот живот ги поминува во Куманово, каде е и погребан на градските гробишта. 

Слава му

Популарно