ВИДЕО: Гледач Албанец се јави кај Јанко и јасно кажа што мисли за името

Отворената емисија на Јанко Илковски, „Јади Бурек“ е место каде гледачите можат јавно да го искажат својот став за актуелните случувања во државата.

Таа привилегија ја искористи глдач Албанец, да зборува за политиката во Макеоднија, како и за промената на името. Погледнете:

Се самоубиле со извик: Да живее слободна Македонија

На денешен ден во 1905 меѓу селата Куклица и Пендаќ, три илјадна турска војска и жандармерија ја опколила четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (Атанас Димитров). Се развила жестока борба.

Кога ја привршиле муницијата борците ја изгореле архивата на четата, ги искршиле пушките и револверите, извикувајќи: „Да живее слободна Македонија“ и се самоубиле.

Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работел во повеќе од 16 реони, а бил раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствувал во Кратовско.

Атанас Бабата бил роден во село Санитово, Пазарџиско, во 1875 година.

На истиов ден, но во 1906 година, по една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата бил ранет, а за да не биде заробен, се самоубил.

Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

Популарно