(ВИДЕО) Заев пред Влада: Заврши времето на локалните шерифи

Во своето обраќање по првиот круг од локалните избори, Зоран Заев кажа дека пораката од народот е испратена. „Народот даде поддршка за раст и развој на Македонија. Даде поддршка за едно општество за сите“.

Заев соопшти дека „во град Скопје водиме со 21.800 гласа“.

Премиерот Заев нагласи дека со победата носи и огромна одговорност: „Граѓаните ќе ги кажуваат нотите, ние ќе свириме по нив. Заврши времето на локалните шерифи“

Енвер Малиќи е новиот заменик на градоначалникот Шилегов

Eнвер Малиќи е новиот заменик-градоначалник на Скопје. Како што информираа градските власти, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, попладнево го назначил Малиќи, со кого дискутирале за идната соработка и предизвиците кои ги очекуваат.

Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон, информира Град Скопје.

Енвер Малиќи е избран за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година, од советничката листа на Демократската унија за интеграција. Тој е долгогодишен стопанственик, сопственик на компанијата „Гемак Трејд“ и хотелот „Парк Хотел и Спа“.

Кој владее со Вевчани: Градоначалникот Јанковски или осуденици за шверц на половина тон кокаин?

Осудената за шверц на речиси половина тон кокаин, Станислава Чочоровска, на социјалните мрежи најави ревидирање и корекција на одлуките на новиот градоначалник од редовите на СДСМ, Сашо Јанковски, упатувајќи и закани за неговите кадрови одлуки, пишува порталот Денешен.мк.

Причината за бесната реакција на Чочоровска, која е голем поддржувач на СДСМ, е назначувањето на Јасмина Бебековска, партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ, за в.д. директор на комуналното претпријатие „Еремија“. Иронијата е што во случајов не се спори способноста на Бебековска, ниту нејзината стручна спрема или законска подобност, туку само тоа што носела беретки на митинзи на партијата чиј активист е – ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да помине, нема да дозволиме“ вели Чочоровска за назначувањето на Бебековска, додавајќи дека ќе се исправела оваа грешка бидејќи Чочоровска немала пардон кон никој.

Градоначалникот Јанковски ги објасни своите причини за назначувањето на Бебековска:

„Бебековска ја назначив за в.д. на ‘Еремија’ од сосема едноставна причина. Во ова претпријатие само таа ги исполнуваше условите за вршител на должност директор. Само Бебековска има високо образование. Таа е дипломирана економистка, која Економскиот факултет го завршила во Прилеп. Не е точно дека таа на овие локални избори беше на листата за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави градоначалникот Сашо Јанковски за порталот СДК.мк пред неколку дена додавајќи дека до тој момент немало реакции на оваа негова одлука.

Меѓутоа, законските обврски не и значат многу на Чочоровка која и јавно проговори за плановите да се меша во работењето на општина Вевчани, критикувајќи го градоначалникот затоа што го почитувал законот.

На Чочоровска и е изречена казна затвор од 14,6 години во 2007 година по обвинението за шверц на близу половина тон кокаин. Дрогата на крајот од 2006 година била натоварена во Венецуела, од каде што со хрватски брод била транспортирана во пристаништето Бар во Црна Гора. Кокаинот бил запленет во Македонија на пат кон Грција.

Ова не е прв случај СДСМ да коалицира со криминалците. Само во изминатиов период јавноста беше сведок на бројни инциденти во кои криминалното подземје поддржано од СДСМ учествуваше во сериозно нарушување на јавниот ред и мир, во инциденти со огнено оружје и жртви, рекет, закани по живот, а неретко гледаме и како ослободени затвореници за тешки злодела му се заблагодаруваат на Зоран Заев затоа што ги пуштил надвор од затворите.

Дали е ова имете за кое се преговара: Централна Балканска Република?

На преговарачите за името на Република Македонија, Адамантиос Василакис од грчка страна и Васко Наумовски од македонска, наскоро ќе им биде преставен нов предлог. Метју Нимиц наместо на 20 или 21 ноември, предлогот ќе го претстави на почетокот на декмври.

Предлогот, без да се знаат сите податоци, „ќе биде прифатен од Владата на СИРИЗА за да го затвори ова прашање и да ја воведе државата во НАТО"!

Со „Крштевка за ФИРОМ" во насловот, грчки медиум го анализира сегашниот „напредок" во односите меѓу Атина и Скопје како пресвртен во затворањето на проблемот со името на северниот сосед во потесен и поширок контекст. Па така, во анализата се вели дека тимот за националнна безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп ќе им дал нов импулс на напорите за затворање на отворените прашања на Балканот, а Скопје е важен дел од оваа загатка, па членството во НАТО е од клучно значење за Вашингтон.

Поради ова, во последно време се зборува многу за прашањето за името, а се нагаѓа дека новото име ќе биде „Централна Балканска Република".

„По победата на Зоран Заев, Грција покажува 'добра волја' и ова се толкува како можност за наоѓање решение во Њујорк по секоја цена, бидејќи она што е важно е – курсот на ФИРОМ ... кон Евроатлантската унија".

Вицепремиерот на Скопје, Кочо Анѓушев, зборувајќи на универзитетот „Џонс Хопкинс" деновиве отворено повика на американска интервенција за решавање на ова прашање.

Добро е познато и јасно дека Вашингтон би сакал на следниот самит на НАТО да ја вклучи и БЈРМ во составот на Алијансата по секоја цена.

Проблемот со името се „дебатира" повеќе од дваесет години, а САД дефинитивно сакаат да го завршат спорот овде и сега, бидејќи рускиот фактор демне со своите планови со помош на Груевски и оној за балканскиот панславизам.

Другиот фактор е енергијата, бидејќи многу гасоводи минуваат низ Грција и БЈРМ, додека „опасните" „Посејдон" и „Турски поток" мора да бидат „уништени" во нивниот зародок.

Посветеност на новата влада на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во врска со интерконекцијата на системите за природен гас на Грција и на ПЈРМ изрази Митко Андреевски, советник за енергија на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, на состанокот со претседателот и извршен директор на ДЕСФА, Сотирис Ника, кој се одржа завчера во Скопје.

Поради овие проекти кои вклучуваат „многу пари", се сака да се стави крај на прашањето за името, притискајќи ги Атина и Скопје да најдат заедничко решение.

Инаку, дека 2018-та година е златен прозорец на можности за решавање на спорот со Грција, смета вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, тој вели дека наредната година мора да се дојде до решение на тридеценискиот спор кој ја кочи Македонија на евроинтегративниот пат. 2019-та е веќе доцна, смета Османи бидејќи тоа е година на избори, во Европа, Грција но и Македонија.

-Засновајќи се на претходно искуство никој не може да гарантира дека решение ќе има, меѓутоа ние сме оптимисти и работиме да има решение. Сметаме дека околностите се такви односот кон сериозноста на проблемот на двете држави е таков, да има предуслови да се реши ова прашање. Го чекаме предлогот на господинот Нимиц, за да можеме суштински да разговараме и да најдеме решение. Мое лично убедување е дека мораме да ја искористиме 2018-та инаку влегуваме во маѓепсан круг на латентно рециклирање на кризите кои ги имаме во последните 25 години, изјави Османи.

Популарно