ФОТО: Хрватска блокирана од снег!

Снежно невреме ја зафати Хрватска и предизвика големи проблеми во сообраќајот. Според загрепски медиуми, снег паѓа во Капела, на Сљеме, Горски Котар.

Влажните и лизгави коловози прават проблеми на патиштата во внатрешноста, а снежна бура создава проблеми во сообраќајот во крајбрежните подрачја. Можни се одрони, предупредуваат надлежните служби.

За камиони со приколки моментно е забранет сообраќајот, додека граничниот премин Пасјак е затворен за сообраќај. Поради бура во прекин се неколку линии на траекти.

ФОТО: Во Србија убиен познатиот ММА борец

Страшен настан вечерва се случи во Србија, кога го убиле познатиот ММА борец Радош Јоксимовиќ.

Напаѓачот дошол на мотор и го изрешетал со куршуми додека седел во ресторан.

Веднаш притрчале келнерите, а на Радош од устата му течела крв и за жал му немало спас иако Брзата помош итно реагирала.

Грчката влада: Скопјаните да сфатат дека се Бугари

Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панс Каменос, во интервјуто за ТВ Антена, уште еднаш го повтори она што го кажа и на прес-конференцијата во Солун минатата седмица дека на американските сенатори со кои се сретнал им објаснил дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југолсавија за излез на море и додал дека во регионот „била пролеана крв”.

- И сега доаѓаат да им кажат на победниците дека ќе треба да помине ставот на поразените. И на крајот на краиштата чекаа 25 години да се реши прашањето, нека чекаат 35. И нека сфатат скопјаните, кои и што се? Тие се Бугари-Словени кои го имаат формирано ВМРО, Албанци кои се обидуваат да земат и тие еден дел од Скопје и говорат за Голема Албанија и некои Срби, рече Каменос, пренесе МИА.

ФОТО. Колинда мета на потсмев

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дала интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ (Kleine Zeitung) и откако разговорот го пренесоа хрватските медиуми, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците ги демантираат или пак ги исмеваат нејзините изјави.

Меѓу корисниците на фејсбук и на Твитер најсилно оддекна изјавата на Колинда за нејзиното детство во времето на комунизмот кога сакала да има можност во продавница да избира помеѓу повеќе видови јогурт и да не мора на власта да и објаснува колку леб ќе и бил потребен идната недела.

Популарно