Јанко Илковски направи ТВ-трансфер

Водителот на шоуто „Јади бурек“, Јанко Илковски, во иднина ќе го гледаме на ТВ „Сонце“. Јанко со ангажманот во новата телевизија се пофали на својот фејсбук-профил.

„Потпишав договор со ТВ „Сонце“. Стартуваме со емисијата идната недела“, напиша Јанко.

Денеска сончев ден, но од утре...

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10, а дневната температура од еден до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено. Утринската температура ќе се сушти до минус седум степени, а дневната температура ќе достигне до пет степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

ФОТО:Зошто членката на “Спајс грлс” ја откажа промоцијата на својата книга?

Мел Б, итно е оперирана во една клиника во Лондон, откако скршила неколку ребра и раката.

Некогашната девојка од “Спајс грлс” се здобила со скршеници откако паднала по скали.

Раката на пејачката е оперирана, а во описот на фотографијата на Инстаграм напишала дека скршила и неколку ребра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Thankyou to all the wonderful nurses dr’s and my amazing surgeon for the care and expertise given to me here at the hospital I’ve been staying at,suffering 2 broken ribs a severed right hand needing emergancy care,to having had to have over a 3 hr surgery to repair the damage hence the purple sling,I’ve had to unfortunately cancel my book signing today in NY,I appolagise to each and everyone one of you who bought there tickets to meet me today😩I’m absolutely gutted but I can assure you it WILL happen at a later date,I promise,but for now My right arm/hand is all stitched up and I’m trying to keep still to heal my broken ribs,ohhh the pain,but I’m in super safe hands with the care of everyone here at the hospital!!!!!thank you all for understanding,I love you all #accidentshappen #needtimetoheal #hospital

A post shared by Scary Spice Mel b (@officialmelb) on

-Благодарност до прекрасните медицински сестри, докторите и мојот хирург, кои ми укажаа големо внимание овде во болницата, откако скршив две ребра и рака, операцијата траеше три часа, поради што сум принудена да ја откажам промоцијата на мојата книга во Њујорк. – напиша пејачката.

Што треба да направите за да добиете 100 илјади диолари?

Nа 21 ноември покерашот Рич Алати  влезе во темната соба во Лас Вегас и оттогаш го нема видено сонцето и таму треба да остане еден месец.

Коцкарот, кој заработи повеќе од 330.000 долари на турнирите во САД, се наоѓа среде своето најстрашно обложување досега. Во моментот е во бања во непознат стан само со кревет и када.

Тоа е дел од обложувањето со Австралиецот Рори Јанг, неговиот пријател покераш. Секој од нив има вложено 100.000 долари во она што на покерашката (и спортската) сцена е познато како проп бет (proposition bet), договорен облог кој е дизајниран да ја тестира менталната сила на играчите кога тие не се на маса.

„Условите се целосна темница, нема електронски уреди, нема уреди што емитуваат светлина, нема никакви дроги“, рече Јанг. „Дозволено му е да јаде сè што ќе посака, внатре има кревет, туш и када, а има и многу луксузни козметички средства“.

За да го збуни Алати, Јанг се погрижил храната да му биде испорачана во неправилни временски интервали за да му биде потешко да следи колку време поминало.

Но, не е сè толку црно. Јанг му дозволил пристап до која било храна што ја сака во текот на тие месеци. На неговото семејство и пријателите им дале „лајвстрим“, каде што може да проверат во каква состојба е, но целата комуникација со надворешниот свет му е забранета.

Јанг откри дека семејството на Алати се спротивставило на предизвикот, а особено сестра му. „Тие се обидоа да го одвратат, но тој не слуша никого, освен себе“, изјави Јанг за „Дедспин“ додавајќи дека сестрата на Алати била многу загрижена.

Алати мора да издржи уште 11 дена за да го добие облогот.

Популарно