Актерот кој беше казнет од директорот на МНТ: Не ја одржавме преставата затоа што...

Еден од актерите кои играат во претставата ,,Ничија земја“, Оливер Митковски, на својот Фејсбук профил ја објасни одлуката зошто вчера не ја одиграле претставата пред публиката во МНТ.

-Во случајов поради недостаток на вистински информации за мотивите на нашето дејствување, а истовремено поради чувствителноста на политичката состојба во земјата, пред се поради низата организирани криминални дејствија од 27 април, јавноста со право шпекулира и бара одговори. Верувам дека на повеќето им се добро познати моите ставови во однос на владеењето на претходната политичка гарнитура, мојата осуда во однос на случувањата во собранието и мојата децениска борба за создавање на правна држава.

Оттаму, нашата одлука не беше обид ниту да влијаеме на исходот на судските процеси, ниту да бараме амнестија за сторените дела. Напротив, сметаме дека доколку се докаже вината, Владо и сите останати учесници треба соодветно да бидат казнети, секој во зависност од тежината на стореното дело. Идејата беше да се сврти вниманието на јавноста и пред се на надлежните институции уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука и да ја вратат првичната-домашен притвор. Сметаме дека во конкретниов случај, Владо има неколку олеснителни околности кои се доволни за оваа отстапка од страна на надлежните органи.

Точно е дека нашата одлука е емотивна, можеби по некои параметри и погрешна но во секој случај сметаме дека е човечна, посебно во време кога омразата доминира наспроти хуманоста. Можеби ќе видите извесни контрадикторности во однос на целото мое претходно залагање, жалам што дел од моите пријатели и познаници ќе бидат разочарани, но за мене одлуката да застанам позади оваа иницијатива е во суштина континуитет на мојата потреба да бидам не само колега туку пред се човек, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Никола Димитров бара помош на Фејсбук

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори.

 Овој пат македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби. Можеби затоа министерот бара мудрост и нерви, како што напиша на својот фејсбук профил пред тргнување на аеродромот во Скопје.

Димитров бара да му пуштиме мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори.

Овој пат македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби.

Можеби затоа министерот бара мудрост и нерви, како што напиша на својот фејсбук профил пред тргнување на аеродромот во Скопје.

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат овој пат во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

ФОТО: По поројниот дожд Тетово „пливаше“ во вода

Синоќа силно невреме ја погоди Македонија, последено со врнжи и грмежи. 

Сѐ уште нема информации на евентуалните штети нанесени по невремето, но како што објавуваат луѓето на социјалните мрежи, голема количина на вода ги преплавиле улиците.

Во центарот на Тетово вечерва наврна големо количество на дожд, а движињето на авомобилите во центарот на градот е отежното. Водата со „собира“ на улиците, така што центарот на градот „плива“ во вода.

Популарно