Стево Пендаровски поднесе оставка од пратеничката функција

Стево Пендаровски денеска до Собранието на Република Македонија поднесе оставка од фунцкцијата пратеник. Пендаровски во Собранието е дел од пратеничката група на СДСМ.

Оставката на Пендаровски Собранието треба да ја констатира на првата наредна седница.

Минатата недела Стево Пендаровски беше именуван за Национален координатор за влез на Македонија во НАТО.

Пендаровски на предвремените избори во декември 2016 година беше носител на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Сашо Мијалков е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков е исклучен од партијата. Иако тој самиот демантираше каква било вмешаност во актуелните случувања поврзани со обезбедувањето на двотретинското мнозинство за почнување на процесот за уставни измени во законодавниот дом, сепак претседателот на партијата Христијан Мицкоски се одлучил на ваков чекор и покрај противењето на голем број на членови и симпатизери.

Неофицијално Мицкоски пред своите најблиски членови од раководството ова го објаснил како борба против „мијалковистите“.

Миленко Неделковски: полицијата ми е на врата за да ме апси!

Пред еден час новинарот мИленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави дека полицијата му е на врата со покана за негово апсење:

„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат "покана", но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога...

Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.

Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: "ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci".

Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.

Смрт на фашизмот - слобода за народот.“

Ни треба единство како никогаш до сега

Не е време за создавање поделби. Ни треба единство како никогаш до сега, вели екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков во изјава за Press24.

„Заради зачестеното присуство на моето име во некои медиуми во изминатите 2-3 дена, чувствувам обврска да дадам свој коментар по однос на истите.

Имено, на денот на мојата оставка од сите партиски функции минатата година, немам учество во какво било својство и форма во работењето на политичката партија во која сум поминал децении.

Оттука, отфрлам било какви шпекулации за мое влијание врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав.

Во таа насока, сметам дека во овој момент, во интерес на сериозните предизвици со кои се соочува нашата партија, е потребно единство како никогаш до сега. Најмалку потребно во овие моменти е создавање поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ.

Не смее да заборавиме дека историското ВМРО имало про-западна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање. Овој про-западен концепт беше еден од фундаментите на партијата, со крајна цел интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија.“ – вели Мијалков за Press24.

Популарно