(ВИДЕО) Во својата кујна затекнал борба на два огромни питони

Човек од Бризбејн во својата летна кујна затекнал борба на два големи питони..

Снимката која ја направил прикажува судир на два питони.

Тој вели дека на едниот од нив му дозволил да живее на неговиот таван за да ги растерува штетниците.

Глетката која ја снимил и не го изненадила премногу.

“Мене тоа не ме загрижува. Питоните се безопасни и корисни во истерувањето на штетниците, а покрај тоа ги одбиваат смртоносните змии кои ги гледам околу куќата”, вели тој.

Тој претпоставува дека овие змии се “степале” поради женка која веројатно била во близина.

Видеото од оваа несекојдневна ситуација можете да го погледнете подолу. Вакво нешто дефинитивно немате видено досега.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Почина вработен во скопската зоолошка, неколку часа по него угина жирафата која ја чуваше

На 44-годишна возраст почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина.

За неговата приказна и поврзаноста со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.

Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што од Трајковски се збогуваат неговите блиски, пријатели и почитувачи.

Неколку часа по неговата смрт, угина и жирафата која тој ја чуваше во скопската зоолошка.

Видео: „Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода

Рубен, „најосамениот лав на светот“ кој беше затворен во зоолошка градина во Азербејџан, конечно ја вкуси слободата.

Животното старо 15 години последниве шест години ги мина сам во тесен кафез. Својот нов живот ќе го продолжи во резерват за диви животни во Јужна Африка. Ова своевидно спасување почна откако беше откриено дека Рубен е единственото животно останато во зоолошката градина по смртта на бизнисменот кој беше нејзин сопственик.

Меѓународната организација за заштита на животните – АДИ, (Animal Defenders International) со седиште во Велика Британија, покрена иницијатива за префрлање на Рубен од малата куќарка каде што го минал животот, во дивината, но на безбедно место во Јужна Африка. Авиокомпанијата „Катар ерлајнс“ помогна во тоа.

– Бевме во солзи кога Рубен излезе од кафезот, шетајќи по тревата слободно првпат во својот живот, изјави претседателот на АДИ, Јан Кример.

Поради осамениот живот последниве години, Рубен заборавил и да рика, па АДИ се надева дека за него ќе почне „нов, среќен период на слобода“, како што изјавија оттаму. 

Популарно