ФОТО: Да го облечеше ова некоја Македонка сите ќе речеа дека е селанка, ама вака…

Популарната пејачка Никол Шерзингер е фотографирана во Лос Анџелес во многу чудна дневна комбинација, со која ги изненади, а богами и шокираше присутните, пишува порталот Убавина и здравје.

Никол се својата пријателка го оставала автомобилот во перална, но очигледно не се надевала дека ќе ја демнат папараците.

Пејачката на себе носела обична „Адидас“ тренерка, а доле виолетови сандали, кои во ниту еден случај не се вклопуваа со горниот дел. На сетоа тоа, Никол имаше и проѕирна маичка, под која ѕиркаше светлиот градник.

Погледнете:

(ФОТО+ВИДЕО) Таа ќе ја запали сцената на Евровизија: Згодната Елени ги освои сите

Елени Фуреира е музичар повеќе од една деценија, но светот ја „открива“ токму оваа година, благодарение на учеството на Евровизија.

Има мешано потекло од Грција и Албанија, а од 2007-ма година се бави со актерство, пеење, танцување и мода.

Згодната Елени е активна и на Инстаграм, а благодарение на тоа како изгледа веќе е миленичка на машката публика.

Во Лисабон ќе се претстави со Fuego:

Претходно има еден незаборавен настап на Mad VMA наградите во 2014-та, кога беше дел од изведбата на тогашниот хит Tranquila на J Balvin.

Критичарите ја прогласија за најзгодната натпреварувачка на Евровизија. Дали се во право, проценете од фотографиите во продолжение:

Поранешната менаџерка на Мараја Кери ја тужи за сексуално злоставување

Стела Булочников Стоплер, споменатата менаџерка, навела дека Мараја Кери често шетала гола или полугола пред неа, како и дека во нејзино присуство правела „непристојни сексуални“ работи.

Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната менаџерка на Мараја подготвува и тужба, додека тимот на пејачката тужбите ги нарекува „неосновани“.

Стела во тужбата ќе наведе дека Марија има проблем со зависноста, и дека не ги зема редовно своите лекови за биполарно пореметување.

Таа наведува и дека на суд ќе тврди дека пејачката неправедно ја отпуштила, додека трае договорот кој бил потпишан на три години, но и дека ќе и даде шанса да ги „поправи работите“ пред да одат на суд.

ВИДЕО: Иван од Берово се бори за финале во „Music Battle“

Музичката битка, односно „Music Battle“ се емитува во склоп на Ami G Show, а во неа нашиот Иван Мамучевски од Берово се бори за финале. 

Правилата се едноставни, се зависи од прегледите не YouTube на видеата на натпреварувачите. Иван до полуфиналето стигна со речиси 15.000 прегледи на ова видео:

Вечерва се одлучуваат финалистите, а на Иван му се потребни нашите прегледи на следново видео за влез меѓу најдобрите:

Популарно