Индира Кастратовиќ: „Сопругот ме туркаше напред“

Поранешната ракометарка Индира Кастратовиќ секогаш со задоволство раскажува за деновите во „Кометал“, за шампионската титула, за успесите што ги постигна со ЖРК „Вардар“. Во моментов таа е координатор на помладите тимови во клубот.

Кога помислува на „Кометал – Ѓорче Петров“, таа се сеќава на 2002 година кога клубот ја освои Лигата на шампиони.

„Таа година беше и успешна и тешка, имаше и успеси и падови, но ете, таа наша европска шампионска титула ќе остане запишана во историјата“, вели Индира.

И денес се дружи со девојките од клубот. Во мај годинава тие организирале прослава по повод 15 години од освојувањето на титулата.

„Се собраа сите девојки што можеа да дојдат. Од Романија дојде Луминица Дину, а од Русија допатуваа Ања Андрушенко и Лариса Кисељева. Бевме и ние што сме тука: Гордана Нацева, Милева Велкова, Наталија Тодоровска, Ленче Златановска, Анжела Платон, Андријана Будимир, Мими Чупиќ, Валентина Радуловиќ… Пред две години имавме традиција да се собереме сите во сала и да играме ракомет рекреативно. Си баравме причина да се видиме и да се подружиме. Секоја од нас сега има деца и се гледаме на нивните родендени. Денес сите имаме поинаков живот и различни муабети меѓу нас. Си даваме совети за децата“, додава Кастратовиќ.

И нејзиниот сопруг Зоран Кастратовиќ е поранешен ракометар.

„Мојот сопруг многу ми помогна во кариерата. Заедно сме од мојата 18. година. Тој секогаш ме туркаше напред. Да не беше тој да ми каже ‘добро е, одиме понатаму’ можеби немаше да го постигнам ова што го постигнав денес. Секој човек треба да има некого покрај него и за убавите и за лошите работи во животот. Треба да се сакаме, треба да бидеме поддршка едни на други, и треба да веруваме во луѓето околу нас“, рекла Индира.

Целосното интервју прочитајте го ОВДЕ.

Лазаров сигурно ќе биде пријавен за мечот, но...

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров ноќта ја преспа во Загреб каде што се отиде на прегледи за по повредата на бутниот мускул на десната нога добиена на дуелот против Шпанија. По вчерашните прегледи ќе има и нови коишто се закажани за денеска кога ќе мора да биде направена магнетна резонанца. Дури по овој преглед ќе биде познато дали Лазаров ќе се најде на теренот или не.

Она што е јасно е дека Кирил Лазаров ќе биде меѓу 16 ракометари кои утре ќе играат на дуелот против Чешка. Тој ќе се најде меѓу играчите коишто ќе конкурираат за место, но останува неизвесно колку ќе може да помогне на теренот.

Секако останува да се види и тоа дали ќе биде потребно да ризикува за Македонија да може да обезбеди резултат со кој ќе оди по историја. Засега е јасно дека докторите ќе ја имаат последната одлука за неговиот настап. Останува тој да ги мине прегледите, па во зависност од резултатите коишто ќе бидат добиени ќе се знае и дали ќе може од болница директно да истрча на теренот во Арената во Вараждин.

Сите потајно се надеваат дека Лазаров ќе биде подготвен и ќе може да игра, но никој не смее да даде уште прогноза околу тоа какви ќе бидат резултатите од прегледите. Засега е јасно само дека Кире останува во Загреб и утре оди на нови прегледи и очекува да добие позитивни вести.

Нови вести од Загреб: Настапот против Чешка на Лазаров сведенна теорија

Во четвртиот меч на европското првенство во Хрватска, Македонија го забележа првиот пораз од Шпанија, но уште поголема загуба беше повредата на десниот бек, Кирил Лазаров. Македонскиот капитен излезе од игра на самиот старт, поради болки во задната ложа на десната нога, а денес по направените прегледи изјави:

„Останувам во Загреб и во очекување сум на магнетната резонанца. Се надевам попладнево ќе знаеме нешто повеќе“.

Потврдено е дека тој нема да се појави на денешниот тренинг од 19.00 часот. а неговиот настап на утрешниот меч против Чешка е сведен на теорија.

Нашата репрезентација моментално се наоѓа во Вараждин, каде се подготвува за последните два меча, против Чешка и Данска, во рамки од главната фаза на шампионатот. Со два триумфи, би можеле да стигнеме до полуфиналето, кое ќе се игра во Загреб. 

Извор: Гол.мк

Кире Лазаров по прегледите на ногата: Бидете трпеливи

Македонија стравува, но Македонија има простор и да се надева. Капитенот Кирил Лазаров се уште ги чека конечните резултати по повредата, а и сите ние заедно со него.

„Сè уште правиме анализи. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи" – рече капитенот на националниот тим за Македонски спорт.

Кирил Лазаров се повреди по само 10-тина минути игра на синоќешниот натпревар со Шпанија и во моментов е неизвесно дали ќе може да го доигра првенството.

Популарно