(ВИДЕО) Агресивен професор малтретираше ученичка, а она што го направи девојчето ќе ве остави без текст!

Овој агресивен професор од Русија веројатно два пати ќе размисли пред повторно да омаловажи уште едно дете од неговиот клас.

Професорот збесна затоа што девојчето не го знаеше одговорот на прашањето. Но она што го направи девојчето потоа, ќе ве остави без зборови…

Започнува летото: Најнова детална анализа за ова лето

Утре (четврток) со почеток во 12:07 часот започнува летото.

Според денешните најнови направени анализи нема да се поклопуваат со оние кој ги направивме пред околу еден месец поради тоа што истите претрпеа значителни промени а тоа значи дека лето 2018 ќе биде нешто поврнежливо и посвежо за разлика од изминатото лето 2017 кога имавме екстремно топлотни бранови кој навистина траеја многу долго.

Температурите на воздухот иако ќе бидат во границите на просекот сепак повремено може да очекуваме и под просечни температури на воздухот и свежо време за летниот период но и повеќе врнежи од дожд како и услови за локално НЕВРЕМЕ кое би можело да услови локални поројни поплави и врнежи од град како и силен ветер.

И покрај ова не значи дека не треба да очекуваме барем неколку поизразени топлотни бранови и посуви периоди со многу високи температури на воздухот типични за тој дел од годината.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

(ВИДЕО) Хип-хоп забава во затворот во Идризово со Тони Зен и Пука Козметика

Познатиот македонски рапер Тони Зен заедно со Пука Козметика направија хип хоп забава за затворениците во Казнено поправниот дом Идризово.

Забавата се случила во вторникот, а просторот меѓу ќелиите бил искористен за настапот кој бил одржан со цел да се олесни процесот на ресоцијализација на затворениците.

„Сите сити“ обезбеди 12.500 оброка за социјално загрозени граѓани

Системот за донирање на вишок храна „Сите сити“, кој има за цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите, туку да се пренамени онаму каде е реално неопходен, успеа за само два месеци да спаси 4 тона храна и со тоа да обезбеди 10.000 оброка за социјално загрозени граѓани.

Станува збор за големи количества на овошје, зеленчук, житарки, сокови, кондиторски производи, млеко и други видови на храна, која само затоа што е со пократок рок или нема побарувачка за неа на пазарот, со сигурност би завршила на депонија.

Интересот кај бизнисите и хуманитарните организации да се вклучат расте, а дополнително десеттици волонтери се пријавуваат после своето работно време да помогнат во дистрибуцијата на храната до социјално загрозените граѓани.

„Сите сити“ почнува да станува двигател на хуманоста и солидарноста во Македонија. Се надеваме дека овој систем ќе ја постигне зацртаната цел да спаси 60 тони храна и да обезбеди 200.000 оброка до март 2019 година.

Воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија, „Ајде Македонија“ го создаде со поддршка на Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис

Популарно