Ова е единствениот пратеник во собранието, кој не гласаше ЗА Законот за јазици

Законот за употреба на јазиците, кој денеска беше изгласан со 69 гласа „за“, а предвидува низа промена во државата кои ќе имаат и финансиски реперкусии, како што е формирањето на посебна Агенција и Инспекторат, задолжени да ја надгледуваат примената на законските одредби.

Единствен кој не го поддржа Законот за употреба на јазици на денешната собраниска седница, е пратеникот Мирослав Јовановиќ, претседател на Српската странка во Македонија, која е дел од коалицијата на СДСМ.

При гласањето на пратениците кои припаѓаат на етничките заедници кои не се мнозинство во Македонија, гласаа 28 пратеници, 27 од нив беа „за“, а само Јовановиќ бил воздржан.

Јовановиќ на последните парламентарни избори во изборната единица 2 настапи со коалицијата на СДСМ. Тој е дипломиран машински инжинер.

Законот за употреба на јазици беше донесен со 69 гласа „за“ во отсуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку недели ја бојкотира работата на Собранието.

Барање до Претседателот Иванов да му го одземе мандатот на Заев

Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев! Отповикајте го актот со кој му го доделивте мандатот! Без мандат, без актот за доделување мандат, Заев не може да биде претседател на Владата, порачува универзитетската професорка Тања Каракамишева.

-Отповикувањето на вашиот потпис како и отповикување на актот со кој го определивте Заев за мандатар ја прави ништовна неговата функција! Не му дозволувајте на Заев да игра играчки со државата и да ја гази дадената и потпишана пред вас гаранција! Што ќе ви се гаранции на хартија кога на дело се спроведуваат активности спротивно на интересите на Република Македонија и на македонскиот народ?

Државата де јуре и де факто е ставена во подредена положба на друга држава што едновремено е и кривично дело. Заев го крши Уставот злоупотребувајќи го и вашиот потпис, и вашата функција претседател на Република Македонија. Вие му го дадовте мандатот на Заев да биде мандатар и да формира Влада иако Уставот не предвидува постапка за избор на втор мандатар. Тогаш работите се решија преку преседан кој не е уставен и кој не произлегува од Уставот! Сега кога работите ескалираат, кога Заев делува и работи спротивно на дадените гаранции и спротивно на Уставот, а имајќи ја предвид Вашата заклетва, такво нешто не смеете да му дозволите.

Вие согласно чл.84, став 1, алинеа 1 од Уставот го определувате мандатарот за состав на влада на РМ. Како што во 2017 година го определивте за мандатар, така сега ќе го отповикате од функцијата со образложение дека Заев не го почитува Уставот и дека ги прекршил дадените гаранции, но и дека ја прекшил заклетвата дека ќе ја почитува Република Македонија и правниот поредок на земјата. Заев како и сите други политичари МОРА да и служи на државата и на народот, а не државата да му служи нему! Направете го овој чекор за работите да тргнат на подобро, пишува таа.

Телма им забрани на новинарите да објавуваат фејсбук статуси!

Телма им забрани на вработените да стваат било каков статус поврзан со политика, кој претходно не е одобрен од уредничкиот колегиум. На социјалните мрежи се појави соопштение од Телевизијата, според кое на вработените во телевизијата им се забрануваат коментари, мислења и анализи на нивните профили на социјалните мрежи, или во спротивно било каков коментар ќе биде санкциониран.

Новинарите на социјалните го коментираат ова известување, потпишано од уредникот Атанас Кировски како скандалозно и бараат ЗНМ и МАН да реагира доколку ова е вистина. Досега од Телевизијата не се оградиле од известувањто.

Ременски сака да го крои уставот како кошула!

Пратеничката oд СДСМ, Фросина Ременски денеска на седница во Собранието, изнесувајки го своето гледање на уставните промени, го кажа следново: „Уставот е како една кошула која треба да се адаптира на телото“.

Таа вели дека нашиот идентитет ќе се менува, ќе бидеме граѓани на ЕУ и на светот.

Taa вели дека и во македонското ткиво ако се запрашаме за идентитетот, едни ќе тврдат дека имаат потекло од Александар Македонски, а други вели ќе бидат пред дебата колку сме антички Македонци.

Според неа, не треба да робуваме на историски тези.

Таа вели дека се појавува и историска патетика кога се говори дека друг одлучувал за македонскиот народ.

Популарно