Нова мерка против загадувањето на грбот на сиромашните

Возилата што повеќе загадуваат и се постари да плаќаат повисока цена за регистрација. Ова е една од мерките кои се разгледуваат за намалување на аерозагадувањето, пренесува Алфа.

Единствената официјална информација е дека сите автомобили ќе добијат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува.

Со тоа на полесен начин би се селектирале сите оние кои треба да бидат исклучени од сообраќај при енормно загадување на воздухот. Молк за тоа колку би чинеле техничките прегледи за мерење на загадувањето на секој автомобил а и самите лепенки.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика на македонските патишта, заклучно со крајот на 2015-та година, имало вкупно 383.833 регистрирани автомобили. Најголем дел од нив, 261.470, се произведени пред 2002-та година односно се постари од 15 години! Што  би значено дека доколку би стапил во сила законот за повисоки давачки на постарите возила повеќе од половина од луѓето ќе мораат да плакаат повисока цена за регистрација.

Покрај поскапата регистација на постарите возила, предвидено е менување на табличките на такси превозниците, сите таксисти ќе треба да добијат жолти регистрации со што би се одвоиле од останатите автомобили.

Ексминистерот Никола Тодоров и дедото на Тамара од Велес утре повторно на суд

Во кривичниот суд утре продолжува судењето за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, кој е обвинет за обид за убиство на ексминистерот Никола Тодоров. На утрешното рочиште, треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења, откако претходно адвокатката на обвинетиот побара судот да ги издвои вештачењата за нејзиниот клиент, бидејќи на вештаците им биле истечени лиценците во моментот кога го опсервирале обвинетиот. Судечкиот совет со кој претседава судијката Лаличиќ им го прифати барањето и одлучи на следната расправа да биде изготвено ново вештачење што ќе го направи ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“.

Од вештачењето треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело, дали е свесен за последиците и дали има одредени психички нарушувања. Токму поради тоа обвинетиот на минатото судско рочиште не можеше да се произнесе дали е виновен или не. Претседателот на судот, Иван Џолев, претходно не дозволи судијката од бомбите, Софија Лаличиќ, да биде изземена од постапување по предметот, како што побара адвокатката Павлина Зефиќ.

Стојановски на 1 јуни 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.

Го запознале преку интернет, ги повикал кај него дома и двете малолетнички ги силувал една по една

Два малолетнички биле силувани во Мала Речица, а случајот во полиција го пријавила мајката на едната малолетничка, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа во 01,30 часот во ПСОН-Тетово, малолетничка од Тетово во присуство на нејзината мајка во придружба на Дежурен јавен обвинител, психолог при Центарот за социјални работи на Тетово и адвокат, пријавила дека на 18.01.2018 година околу 15,00 часот заедно со нејзината другарка, исто така, малолетна разговарале со непознато машко лице преку програмата „Азар“. Притоа непознатото лицето ги повикало да одат кај него дома, по што истите со такси возило отишле на договореното место односно во наслебата Мала Речица каде се сретнале со лицето и се упатиле пеш до главниот пат за с.Речица.

Според полицискиот билтен, за кратко време стигнале во неговата куќа, влегле во една од собите на катот каде непознатото лице по кусо време ја соблекло едната малолетничка и имал одредени полови дејствија кон неа, спротивно на нејзината волја, а подоцна го повторил истото и со другата малолетничка. Околу 18,00 часот истиот ден ги однел на кафе во кафетерија во близина на неговата куќа, по што повторно се вратиле во неговата куќа од каде што, искористувајќи згодна прилика, двете малолетнички побегнале и од неговиот мобилен телефон повикале такси возило со кое заминале во своите домови.

Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и работи на целосно расчистување на случајот.

ФОТО: Премиерот Заев на Водици скокна во Охридското езеро?!

Фотографија на која премиерот Заев плива денска со наслов „И премиерот Заев на Водици скокна во Охридското езеро“ ја споделија некои медиуми во Македонија.

Истата се споделува и по социјалните мрежи, во неколку верзии.

Спека, станува збор за фотографија на Заев од Август 2016 година, која не е снимена во Охридското Езеро.

Популарно