(ВИДЕО) Години по неговата смрт се гледа ова - Аркан имаше храброст да го направи ова

Жељко Ражнатовиќ Аркан години по неговата смрт е сеуште топ тема. Тој во едно гостување во емисијата Сјај Њуз, направи нешто што никој не го направил дотогаш.

Тој се обрати на Бил Клинтон по бомбардирањето:

- Го чувам ова како сувенир, гледате тоа е гума, можам да ја скршам. Кога тие го срушија нашето рекоа дека е тоа порака за Слободан Милошевиќ. Ние го соборивме овој авион и тоа е порака за Бил Клинтон, изјави тогаш Аркан.

Неговата порака беше: Не си играј никогаш со Србите.

Лазаров сигурно ќе биде пријавен за мечот, но...

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров ноќта ја преспа во Загреб каде што се отиде на прегледи за по повредата на бутниот мускул на десната нога добиена на дуелот против Шпанија. По вчерашните прегледи ќе има и нови коишто се закажани за денеска кога ќе мора да биде направена магнетна резонанца. Дури по овој преглед ќе биде познато дали Лазаров ќе се најде на теренот или не.

Она што е јасно е дека Кирил Лазаров ќе биде меѓу 16 ракометари кои утре ќе играат на дуелот против Чешка. Тој ќе се најде меѓу играчите коишто ќе конкурираат за место, но останува неизвесно колку ќе може да помогне на теренот.

Секако останува да се види и тоа дали ќе биде потребно да ризикува за Македонија да може да обезбеди резултат со кој ќе оди по историја. Засега е јасно дека докторите ќе ја имаат последната одлука за неговиот настап. Останува тој да ги мине прегледите, па во зависност од резултатите коишто ќе бидат добиени ќе се знае и дали ќе може од болница директно да истрча на теренот во Арената во Вараждин.

Сите потајно се надеваат дека Лазаров ќе биде подготвен и ќе може да игра, но никој не смее да даде уште прогноза околу тоа какви ќе бидат резултатите од прегледите. Засега е јасно само дека Кире останува во Загреб и утре оди на нови прегледи и очекува да добие позитивни вести.

Поларни температури во Македонија

Студен бран следните денови ќе ја зафати Македонија.

Температурите ќе паднат и до -15 степени.

Под влијание на значително постудена воздушна маса која веќе започна да се спушта од северните географски широчини во следните денови ќе услови значително пониски температури на воздухот.

Многу студено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вторник попладне и навечер кога има услови за слаб локален снег.

(ФОТО) Елена Ристеска како Шер

Поп-пејачката Елена Ристеска по подолго време имаше настап во живо со својот бенд. Таа пееше во клубот „Паладиум“ во Струмица, каде што ги отпеа своите најголеми хитови.

„Струмица, благодарам за вчерашната забава… Ми се наполни срцето. По подолго време настапувам во дискотека, ме вративте назад низ времето“, напиша Елена покрај фотографиите што ги објави.

Освен што песните беа по ќеф на публиката, Елена им направи мерак и со својот изглед. Нејзиниот стил многумина веднаш го споредија со Шер – долга црна коса, впечатлива шминка, високи црни чизми и тесни жешки панталончиња со светки, па доби комплименти дека изгледа многу секси.

Освен изгледот на Елена, вниманието го привлече и нејзиниот микрофон. Елена толку многу го приближувала до устата, што тој за кратко време станал розов од нејзиниот кармин.

Популарно