Македонија увезувала стотици илјади тони опасен отпад секоја година!

Само во 2016 година Република Македонија увезла 118.778, а извезла само 4.011 тони отпад, стои во официјалниот извештај на Министерството за животна средина. Овие бројки се добиени врз основа на годишниот рапорт на создавачите на опасен отпад, кои се должни да пријават колку отпад извезле, а колку увезле.

„Овие количини создаден отпад во споредба со количините од претходните години се многу помали, што се должи на непријавување создаден опасен отпад од страна на АД ЕЛЕМ, подружница РЕК „Битола“, кое прикажало во претходните години создаден опасен отпад кој сопствено го отстранува во количина од околу 1.500.000 тони“, се наведува во извештајот на Министерството.

Под опасен отпад се смета и медицинскиот што се создава во здравствените институции како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирање, лекување, третман и превенција на болестите кај луѓето и кај животните. Во истата категорија се и патолошкиот отпад, што содржи отфрлени делови од човечко тело, инфективниот кој содржи патогени биолошки агенси кои поради својот тип може да предизвика болести кај луѓето кои се изложени, отпад од остри предмети што содржи игли, ланцети и скалпели, како и фармацевтскиот отпад што содржи фармацевтски производи, цитостатични лекови и цитостатици вратени од одделот каде што биле излеани и хемиски што содржи отфрлени цврсти, течни или гасовити хемикалии.

Од Министерството за животна средина,сепак, вчера соопштија дека од 2013 до 2017 година не е регистриран увоз на медицински отпад во земјава како одговор на реакциите во јавноста по енормното загадување на воздухот и обвинувањата дека согорувањето медицински отпад во „Дрисла“ е виновник за тоа.

ВИДЕО: Муковски ја запеа химната од говорница, па гласаше за

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој тврдеше дека не ги отворил вратите на македонското собрание на 27 април кога група насилници ги нападнаа пратениците од СДСМ и албанските политички партии, вчера, по излегувањето од домашен притвор гласаше „за“ промена на уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Мукоски подолг период беше во притвор, по што потоа мерката притвор беше замената со куќен притвор.

Мукоски тогаш во повеќе наврати избегнуваше да одговори, но воедно и негираше дека тој ги отворил вратите од Собранието, иако на снимките јасно се гледа дека токму тој и Сашо Василевски се тие кои овозможуваат на граѓаните да влезат во Собранието.

Мукоски беше оној кој го предводеше и „хорот“ на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите други пратеници кога се пееше македонската химна во македонското Собрание.

Се поставува прашањето дали токму притворот и притисокот за тој 27 април сепак е вистинската причина што Мукоски, но и дел од другите нивни колеги се одлучија да гласаат „за“ промена на уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Кои се следните чекори во процесот за уставни измени?

Со 80 гласа „за“, синоќа во Собранието на РМ беше донесена одлуката за уставни измени, предвидени со договорот кој со Грција беше потпишан во Преспа.

Вчерашното гласање беше само почетна фаза, а следуваат уште неколку за овој процес да се комплетира.

После ова, Владата ќе интервенира со четири амандмани во македонскиот устав, ќе ги подготви, а потоа истите треба да минат на претрес во две комсии во Собранието, додека расправата за нив може да трае по три ден.

По утврдувањето нацрт на секој од амандманите, се отвора јавна дискусија, во кој пратениците можат да поднесат амандмани на амандманите.

И за нив следува претрес во две комсии, по што Собранието се изјаснува поединечно за секој амандман на уставните амандмани.

Премиерот Заев на вчерашната прес-конференција кажа дека очекува што поголем број пратеници да се приклучат кон следната фаза.

„Ние гласавме за потребата од уставни промени, допрва ќе се гласа за нацрт амандманите, ќе се гласа со двотретинско мнозинство за амандманите“, истакна Заев.

Заев посочи дека постои иницијатива од пратениците во четирите амаднмани, да се зајакне нашиот јазик и идентитет, и поради тоа Владата е подготвена да соработува со Парламентот за да ја обезбеди поддршката.

Следува рок од 15 дена за доставување на амандманите, но според Заев колку порано се заврши, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.

(ВИДЕО) Говорот на пратеничката на ВМРО која гласаше ЗА: Немаме право да го менуваме името!

По вчераното гласање за отварање на процесот за измена на усавот во Собранието на Република Македонија,  да се потсетиме што зборуваше пратеничката од Берово, Емилија Александрова.

Имено, пред само неколку дена таа се обрати пред пратениците и рече дека ќе го почитува Уставот и ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Јавноста е заинтересирана да дознае која е причината за пратеничката на ваков начин да го промени својот став и да гласа против вољата на народот изразена на референдумот на 30 септември.

Популарно